hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Двонеделен одмор за ракометарите на Атлетико Мадрид кои не играат на мундијалот

kire 24 12 2012

По завршувањето на ASOBAL Купот, раководството на Атлетико Мадрид ги прати ракометарите на одмор, кој ќе трае се до 10 јануари за оние ракометари кои нема да настапат на Светското првенство во Шпанија. Така за 15 дена на призивката на Душебаев треба да се јават: Калман, Балиќ, Гарсија Парондо, Ромеро, Шабановиќ, Дејвис, Антонио Ферер, Еду Фернандез, Масач и Мигел. Норвежанецот Дал ќе се приклучи веднаш потоа, откако ќе одигра неколку пријателски мечеви со репрезентацијата на Норвешка. Оние кои веќе се приклучија кон своите репрезентативни стожери, Кирил Лазаров, Канељас, Агинагалде, Јуркиевич, Маркусен, Бараше и Гојун ќе пристигнат во Мадрид по завршувањето на репрезентативните обврски. Пролетниот дел од ASOBAL лигата започнува на 2 фебруари со гостувањето кај Натурхаус Ла Риоха, а една недела подоцна продолжува Лигата на шампионите со мечот на Атлетико Мадрид во „Висталегре„ со Цеље Пивоварна Лашко.

Share