hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

„Lequipe„ го круниса Лазаров во идеалниот тим

kire 30

Престижниот француски спортски весник „Lequipe„ го сврсти нашиот најдобар ракометар Кирил Лазаров во идеалниот тим за 2012 година. Со своите извонредни игри, освоените титули, постигнатите голови и каризмата, Лазаров заслужи место меѓу великаните. Како најголема причина за изборот за најдобар десен бек во Европа се наведува неговото фантастично Европско првенство во кое беше најдобар стрелец со просек од 8,7 гола и 4,3 асистенции по натпревар. Оваа награда ја заокружува сјајната година на 32 годишниот македонец кој во мај беше избран од „Handball-planett„ и за најкорисен ракометар за 2012 година.

 

Идеален тим за 2012 година:

Голман: Тјери Омејер (Франција)

Лево крило: Гудјор Валур Сигурдсон (Исланд)

Лев бек: Даниел Нарцис (Франција)

Среден бек: Микел Хансен (Данска)

Десен бек: Кирил Лазаров (Македонија)

Десно крило: Никлас Екберг (Шведска)

Кружен напаѓач: Хулен Агинагалде (Шпанија)

Share