evroins

logo-kmg

hummel Logo 160 

signiori

LIVESCORE.in
OFF

Франција изненадена од Катар, победи за Србија и Полска во тест мечеви

fra - qat

Во пријателски меч кој се одигра во Сента, ракометарите на Србија ја совладаа Унгарија со 24:22 (14:11). Најефикасни кај репрезентацијата на Србија беа Петар Ненадиќ со 8 и Зеленовиќ со 7 погодока. Интересно е дека еден од најдобрите во српскиот тим беше Дарко Станиќ. Актуелниот олимписки, светски и европски шампион Франција загуби од Катар со 25:28 (13:9) во вториот натпревар во „Златната лига".

Квентин Мае беше најефикасен во францускиот состав со 8 погодоци, а својата шанса добро ја искристи и младиот бек Ремили кој беше втор стрелец со 4 гола. Полска ја совлада Шведска со 28:26 (13:17) во вториот дуел на турнирот во Ирун во Шпанија. Полска ја предводеше Бјелецки со 7 гола, а по 4 погодоци постигнаа Лијевски, Крајевски, Јурецки и Дашек.