hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Магдебург потпиша со Кристијансен како замена за Натек

mads kristiansen 2

29 годишниот дански интернационалец, Мадс Кристијансен од наредната сезона ќе го облече дресот на бундеслигашот Магдебург. Левиот бек на Силкеборг, успеа да ги договори сите детали со црвено-зелените и ќе биде замена за Јуре Натек, кој од следната сезона заминува во пензија.

Кристијансен заедно со Немања Зеленовиќ ќе играат на позицијата десен бек од сезоната 2015/16. Кристијансен во дресот на Данска има 89 одиграни натпревари и 200 постигнати гола. Тој стави потпис на договорот со Магдебург на две сезони и се надева дека ќе игра во Лигата на шампионите, ако клубот обезбеди пласман на едно од првите три позиции во шампионатот кој е во тек.

Share