hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Слепото црево пак го мачи Игропуло: Нови две-три недели пауза за Русинот

igropulo 2

Данскиот првак Колдинг Копенхаген се соочува и со дополнителни проблеми со својот ростер. Најголемото овогодишно засилување, рускиот репрезентативец Константин Игропуло, кој дојде како замена за Ким Андерсон, ќе отсуствува од натпреварите во следните неколку недели.

Бившиот ракометар на Барселона и Фуксе Берлин беше пренесен во болница со силни болки во стомакот, а таму беше констатирано дека кај него има остаток од слепото црево, кое го оперираше минатата година. Игропуло мора повторно да се оперира, а отсуството се предвидува на две недели, или на два до три натпревари во Лигата на шампионите и уште толку во домашното првенство.

Share