hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Втора година по ред „зебрите„ поразени во Загреб

horvat-1

Ракометарите на ППД Загреб со победа стартуваа во А групата, во Лигата на шампионите. Во првиот меч од оваа група, тимот на Веселин Вујовиќ го декласираше Кил со 29:27 (13:11). Хрватскиот шампион на стартот во новата сезона го повтори минато сезонскиот успех кога славеше над Кил, но за разлика од лани, во четвртокот, Загреб беше убедлив против бундеслигашкиот шампион.

Сенка на мечот фрли вербалниот судир на Хорват и Тофт Хансен, кој благодарение на брзата реакција на останатите играчи беше спречен да прерасне во физчка пресметка. Инцидентот се случи во 57 минута, а Хорват кој беше иницијатор на инцидентот доби црвен картон.

Share