hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Шамбери и Обрван немоќни против новиот ПСЖ

psg rakomet

Новиот ПСЖ веднаш ја покажа својата сила и најави дека оваа година може да излезе подалеку од националните титули и да се закани и во Лигата на шампионите. Екипата на Звонимир Сердарушиќ е победник на турнирот во Гренобл, откако во финалето на убедлив начин ја совлада екипата на Шамбери каде тренер е македонскиот селектор, Ивица Обрван со 28:19.

Во текот на целиот меч, Карабатиќ и соиграчите имаа водство, а во еден период резултатот беше 21:8, со јасна разлика во квалитет на теренот. Претходно во полуфиналето на турнирот „светците„ ја совладаа Јапонската репрезентација со 36:23. Минатата сезона ПСЖ триумфираше во шампионатот, а победата на Шамбери над Монпеље на две кола до крајот мубеше од голема помош да го мине лутиот ривал на табелата. Покрај француското првенство, богатата екипа од главниот град го освои и Купот на Франција во Нант, со победа во завршниот меч против домаќинот.

 

Share