hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Официјализиран трансферот на Карабатиќ во ПСЖ

karabatic official

Најдобриот ракометар на последниот мундијал.,Никола Карабатиќ го комплетираше трансферот во ПСЖ. Откако Барселона минатата седмица обелодени дека Карабатиќ самиот ја активирал клаузулата за раскин на договорот, вредна два милиони евра, брзо стигна официјализацијата и од францускиот табор.

Деталите и примањата на ракометарот не се обелоденети. ПСЖ ги задржа своите најдобри ракометари, а во меѓувреме и дополнително се засили со браќата Карабатиќ, како и со тренерот Сердарушиќ. Од своето постоење „светците„ никогаш не играле на завршниот турнир во Келн.

Share