hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Вајнхолд останува меѓу „зебрите„ до 2020 година

weinhold 2

Германскиот првак, Кил објави дека го продолжи договорот со десниот бек Стефан Вајнхолд. За него се интересираа клубови надвор од Германија, но тој сепак реши да ја продолжи кариерата во Кил, каде дојде пред 12 месеци од Флензбург.

Германски првак го задржа репрезентативецот до 2020 година и најави уште 2-3 засилувања во обид да ја врати Лигата на шампионите во своите витрини. Единствено засилување до овој момент е Никлас Ландин од Некар Левен, чиј трансфер беше договорен уште пред 8 месеци.

Share