hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Синот на Роландо Уриос во Фуксе Берлин

urios 1

Еден од најголемите таленти на шпанскиот ракомет, Роли Уриос според пишувањата на германските медиуми ќе потпише договор со германскиот Фуксе Берлин. 16 годишниот среден бек, син на кубанецот кој настапуваше за Шпанија Роландо Уриос, настапуваше за Аларкос Сиудад Реал и се одлучи за трансфер во Бундеслигата.

Иако Барселона и Натурхаус Ла Роха се интересираа за неговите услуги, сепак семејството Уриос се сели во Германија во таборот на победникот на ЕХФ Купот.

Share