Миркуловски: „Ги преценивме данските звезди„
Филип Миркуловски по завршувањето на мечот јасно кажа дека начинот на кој Македонија влезе во мечот, ја чинеше пораз. Дека противникот е квалитетен не ни треба да се коментира, но се чини ние го „положивме оружјето„ без многу борба:
Ристовски: „Овој меч беше само загревање за Чешка и Австрија„
На официјалната прес-конференција најпозитивниот македонски репрезентативец Борко Ристовски имаше свој став за мечот и 60 минути со европскиот првак:
Данска силно почна и заврши за заслужена победа
Европско првентво - А група (1 коло)
Данска - Македонија 29:21 (12:8)
На мечот Данска - Македонија му претходеше мал церемонијал на свечено отворање на осмото европско првенство во новиот милениум. Преку 14.000 гледачи, голем дел од нив данци, го направија спектаклот величенствен. Домаќинот започна мотивирано, два пати се одбрани, а Могенсен со помош на блокот и Линдберг, по 3 минути донесоа 2:0 за Данска.
ФОТО: Кристијансен ја симпатизира Македонија
„Вечниот„ Ларс Кристијансен е еден од најдобрите ракометари на сите времиња и веќе неколку години е стручен консултант на данската национална телевизија. Неговото присуство меѓу гледачите и новинари, веднаш ги разбранува страстите. Сите сакаат да го поздрават, да се фотографираат,а ние го сликавме со македонскиот шал и тоа пред почетокот на мечот со Македонија.
Австрија се „пошегува„ со Јиха и другарите
Eвропско првенство (А група) - 1 коло
Австрија - Чешка 30:20 (14:9)
Ако за многумина е изненадување, по развојот на настаните победата на Австрија над Чешка е реален одраз на случувањата на паркетот во Хернинг. Дури и убедливите +10 кажуваат дека Австрија во оваа конкуренција не е тотален аутсајдер, како што кажуваа квотите на букмејкерите.
ФОТО: „Фалангата„ спремна за мечот со фаворитот
„Фалангата„ повторно е подготвена да одговори на предизвикот. Првите триесетина македонски навивачи пристигнаа во одлично организираната фан-зона околу 17 часот, каде почнаа да ги одмеруваат силите со побројните дански фанови.
ФОТО: Вилбек го „сними„ секој детал
Воведниот меч од нашата А група во Хернинг будно го следеше селекторот на данската репрезентација Улрик Вилбек. Веројатно одамна го подготвил мечот со Македонија, па данскиот селектор мирно на последниот ред од свечената ложа, сам го следеше мечот на Австрија и Чешка.
„Ракометната убавица„ во Хернинг подготвена за старт
Натпреварите од Групата А на ЕП во Данска, каде се наоѓа и Македонија, ќе се играат во салата во „Јиске Бан Боксен„ арената во Хернинг. Подготовките на салата за вечерашните мечеви се комплетираа.
Букмејкерите не и даваат многу опции на Македонија
Македонија според светските обложувалници е тотален аутсајдер во дуелот со европскиот шампион, па така коефициентот за победа на Данска се движи од 1,03 до 1,05, додека за триумф на Македонија коефициентот изнесува од 15 до 20.
Нодесбо: „Лазаров може да даде 10 гола од 11 шута„
Соиграчот на Кирил Лазаров од Барселона, Јаспер Нодесбо исклучително го цени Кирил Лазаров и стравува од него за вечерашниот натпревар. За данските медиуми во пресрет на мечот тој изјави: „Одлично ги познавам квалитетите на Лазаров.