ЕХФ делегираше германски судии за дебитанскиот натпревар од европското првенство. Ларс Геипел и Маркус Хелбиг се делителите на правдата за мечот Данска - Македонија. Делегат на ЕХФ е португалецот Руи Коелхо, а ЕХФ контролор полјакот Марек Зајна.
Претходно мечот Чешка - Австрија ќе го водат српските судии Ненад Николиќ и Душан Стојковиќ. Македонскиот судиски пар Николов - Начевски ќе ја дели правдата на мечеви од групата во Копенхаген во понеделник.