ВИДЕО: Лазаров: “Затаивме во нападот, но утре е нов ден„
Капитенот на нашата репрезентација во овој меч влезе со 17 гола и 9 асистенции, но очигледно исланѓаните целата тактика во одбраната ја подредија на сопирање на нашиот најдобар ракометар.
ВИДЕО: Даниел е симболот на „Фалангата„ во странство
Сигурно веќе го забележавте на сите ТВ преноси во последните неколку години кога игра македонската ракометна репрезентација. Неговото име е Даниел, доаѓа од Швајцарија заедно со друштво од девет члена и како и на последните големи манифестации и во Севиља со препознатливиот лик обоен во црвено-жолто ја бодри Македонија.
Исланд помалку грешеше, прв пораз за Македонија
23 Светско првенство - Шпанија 2013
Б група (Севиља)
Македонија - Исланд 19:23 (10:10)
На трибините во „Павиљон Сан Пабло„ израмнет натпревар на македонските и исландските навивачи. Фаворитската улога им ја препуштивме на нашите стари должници од повеќе од една деценија ривалство на ракометните терени.
ФОТО: Битолско засилување на трибините
Како турнирот одминува пристигнуваат и семејствата на македонските репрезентативци и членови на стручниот штаб. Така на трибините на мечот со Исланд меѓу „Фалангата„ се појавија и комплетните семејства Шундовски и Ангеловски.
ВИДЕО: Нов бран на македонски навивачи пристигна во Севиља
Вчера и денес преку Бергамо, пристигнаа нов бран на македонски навивачи, главно од Скопје. Маглата во главниот град ја заменија со шпанското сонце и локалното пиво. Во импровизираната фан-зона тие се „загреваат„ неколку часа пред почетокот на мечот со Исланд.
Рутенка со 20 гола на 2 меча го мина Лазаров
Нашиот капитен Кирил Лазаров не се преокупира со изгледот на листата на стрелците, но не навикна сите да фрлиме поглед на нејзиниот изглед. Ракометарот на Барселона Сергеј Рутенка беше убедливо најдобриот играч во својот национален тим и за 30-тина минути колку мина на теренот постигна 11 погодоци што е рекорд на еден натпревар на Светското првенство.
ВИДЕО: Пушник: „Се сеќавам на Ванчо, на Абдула, се дружам со Доне„
Средбата со 51 годишниот легендарен тренер на голманите на катарската репрезентација Роландо Пушник е приказна за себе. Некогаш изворедниот голман со задоволство се присеќа на натпреварите во Македонија, на гостувањата во Битола, на Ванчо Јовановски и Абдуда Јусуфовски.
ВИДЕО: Георгиевски: „Повозрасните ми помогнаа да влезам во ритам„
Дебитантот на големите натпреварувања, ракометарот на Металург Гоце Георгиевски ни ги откри своите први импресии од за него најголемиот предизвик во досегашната кариера. Едно од трите крила во националниот тим е умерен оптимист во врска со завршницата на групната фаза во Севиља.
Нови победи на балканците
Со комплетирањето на второто коло полека се отклопува мозаикот за патниците во осминафиналето. Без изненадувања мина и овој ракометен ден во кој Шпанија не блескаше, но го доби Египет и во кој лесно славеа Унгарија и Хрватска. Авторитетно Србија ја надигра Белорусија, а Словенија во финишот го скрши отпорот на Јужна Кореа.
Македонија со најдобар процент во напад на турнирот (74%)
Статистиката често знае да даде многу одговори, околу тоа како игравме до сега. Но често знае и да не залаже. Таа на овој турнир досега покажува дека нашите ракометари играат одлично во нападот. На дуелот со Чиле, нашите ракометари постигнаа 30 гола од 42 обиди, а со Катар имавме реализација од 34 гола од 44 обиди. Вкупно гледано, тоа се 64 голови од 86 обиди или огромен процент на реализација од 74 отсто.