Во промоцијата на Светското првенство на официјалната веб страна на натпреварувањето се обрати и нашиот капитен. За шпанците добро познатиот Кирил Лазаров на македонски јазик ја повика македонската армија на навивачи уште еднаш да ја покаже страста кон ракометот и својата татковина и да ги наполни арените на Пиринеите. „Фалангата„ веќе не е непознаница за сите на континентот и затоа во Шпанија сите очекуваат црвено-жолтата боја да не биде симбол само на шпанската селекција која игра во Мадрид, туку и на македонската, која групната фаза ќе има во Севиља.