hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Хумана иницијатива на РК Загреб Кроација Осигурање

 

lazarov dres 03

Ракометниот клуб Загреб Кроација Осигурање синоќа организираше хуманитарна вечера наречена "Вечер на хрватскиот ракомет". Целта беше да се соберат средства за да им помогне на возрасните луѓе со интелектуална попреченост. На добротворната вечера беше одржана аукција на потпишани дресови на сегашни и поранешни ракометари на хрватскиот гигант како Божидар Јовиќ, Златко Сарачевиќ, Славко Голужа, Мирза Џомба, Кирил Лазаров, Марко Копљар, Мануел Штрлек, Домагој Дувњак, Игор Вори, Блаженко Лацковиќ и Златко Хорват. Лазаров е единствен од странските ракометари кои настапувале за Загреб Кроација Осигурање, кој зеде учество во оваа хуманитарна акција. Честитки за овој голем ракометен бренд, за нивната идеа и за нашиот ас. Од овие дресови најдобро мина оној на Лацковиќ, кој се продаде за 710 куни. Сите средства кои беа собрани (8800 куни) ќе бидат донирани во центарот за рехабилитација во Загреб на одделението Орловец.

 

Share