hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Од Цирих подобро се гледа Данска

mkd svajc

Квалификации за ЕП - Данска 2014 година

Шваjцарија - Македонија 22:27 (11:12)

Во амбиент како на домашен терен, мечот во Цирих нашиот селектор го почна со неколку изненадувања во одбраната. Од првиот наш напад Наумче Мојсоски по 100 секунди го отвори резултатот во наша полза.По три и пол минути реагираше Ален Милошевиќ од позиција на кружен напаѓач за прв седмерец и гол на Лингер за 1:1. Темелков со придодавање на пивотмен пак ни донесе водство, пред брзо Андре Шмит да израмни (2:2).

Повеќе...

ФОТО: Ракометниот врв како ултрас навивачи

mukaetov

Првите луѓе на ракометната репрезентација на Македонија силно мотивирани во свечената ложа ја прифатија атмосферата на трибините и како сите наши „фанови„ навиваа и пееа песни за загревање на атмосферата пред мечот.

Повеќе...

ЧЕСТИТКИ: Ангеловски по 150 пат за Македонија

macedon orom 640

На швајцарско тло еден од најкаризматичните македонски репрезентативци Бранислав Ангеловски го прослави својот јубилеен 150 настап за националната репрезентација. Феноменално достигнување за еден од неизбежните членови на скоро сите успешни генерации.

Повеќе...

ФОТО: "Фалангата" го поплави Цирих

fal4

Стотици македонски навивачи од цела Швајцарија и овој дел од континентот во текот на целиот ден го обоија Цирих со црвено-жолта боја, а и во предвечерјето на важниот натпревар во „Саалспортхале„ се слушаше само македонска песна.

Повеќе...

ФОТО: Во „Саалспортхале„ позитивни црвено-жолти вибрации

borko svajcarija

На повеќе од еден час од почетокот на клучниот натпревар за пласман на европското првенство во Данска, македонските ракометари го имаа првиот контакт со „Саалспортхале„ по двата тренинзи кои ги одработија синоќа и утринава. Ведрина, насмевки и позитивна атмосфера кај избраниците на Ивица Обрван и наговестување на многу црвено-жолта боја на трибините, што дополнително треба да направи да се чувствуваме како дома.

Повеќе...

ФОТО: Репрезентативците пристигнаа во Цирих

zurich

Со лет преку Загреб, македонската ракометна репрезентација денес околу пладне пристигна во Цирих, каде утре во 20:00 часот ќе се соочи со Швајцарија во петтиот меч од квалификациите за европското првенство во Данска.

Повеќе...

Македонија воодушевена од трансферот на Лазаров

kire barca front

Минаа три-четири дена од официјализацијата на трансферот на Лазаров од Атлетико Мадрид во Барселона. Од петочните утрински часови кога најнапред каталонскиот гигант на својата официјална веб страна и преку социјалните мрежи, па официјалната страна на Лазаров обеледони двегодишна соработка, започна еуфоријата.

Повеќе...

ВИДЕО: „Фалангата„ многубројна и во Цирих

kire-obrvan-500

На денешната последна прес-конференција пред утрешниот лет на експедицијата за Швајцарија преку Загреб, потврдена беше информацијата дека македонските навивачи ќе бидат многубројни и во Цирих. Околу 700 членови на „фалангата„ го потврдија доаѓањето, а постои шанса да бидат и помногубројни.

Повеќе...

ВИДЕО: Лазаров: „Менталната подготовка е најважна„

kire 10 06 2013

Капитенот на националната репрезентација Кирил Лазаров со ведрина гледа на последнуте два натпревари од квалификации за европското првенство во Данска. И тој и соиграчите и стручниот штаб се свесни дека многу работи се во рацете на нашата искусна репрезентација:

Повеќе...

„СЕДУМ“ - првиот автобиографски чекор на Лазаров

logo lazarov

Во меѓупростор од двата квалификациски натпревари на ракометната репрезентација Кирил Лазаров ќе ја презентира својата прва автобиографска книга напишана и продуцирана во Шпанија, во периодот од последните две години. Книгата го носи насловот „Седум" и има новелистички пристап.

Повеќе...