hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ВИДЕО: Митревски: „Оваа репрезентација е на вистинскиот пат„

nikolce za 19

По Борко Ристовски и неколку години помладиот Николче Митревски, од натпревар во натпревар созрева и веројатно во него нашата земја добива голема сигурност на голот. И покрај поразот од Данска, битолчанецот не тагуваше, напротив, веднаш со мислите се насочи кон Германија.

Повеќе...

ВИДЕО: Фалангата ги пакува куферите

naviva 19

Некои со авион утринава, вечерва или утре изутрина, некои со брзите возови на шпанската железница, кои патуваат од 5 до 7 часа за Барселона, а некои директно од татковината од Софија, или преку Бергамо или Базел. Тоа се сите комбинации на македонската ракометна „Фаланга„ која се сели во Барселона.

Повеќе...

ВИДЕО: Бошковски: „Да не заборавиме дека германците се младински светски прваци„

bososki

Иако првите коментари околу нашиот противник во осминафиналето се еуфорични, првиот помошник на селекторот Андон Бошковски ја смирува атмосферата.

Повеќе...

ВИДЕО: Ангеловски: „Време е да им наплатиме на германците„

brance 18

Од трагичниот пораз на Пелистер од Лемго во минатиот век, до начинот на кој Вардар Про беше елиминиран од Магдебург пред само неколку месеци. Преку исклучувањето на капитенот Лазаров во Вараждин и спорниот гол во Ниш. Се се тоа нашите тажни приказни против германските клубови или репрезентации.

Повеќе...

ВИДЕО: Филип Лазаров: „Како турнирот тече, така сме се посилни„

filipza 18

Во своето најдобро издание на првенството, Филип Лазаров со пет гола даде голем придонес нашата одлична партија против европскиот првак.

Повеќе...

Сладок пораз, кој не води на Германија во осминафиналето

kire 18

23 Светско првенство - Шпанија 2013

Б група (Севиља)

Данска - Македонија 33:30 (13:14)

Втор пат во една година, јануарската пресметка со Данска за нас е витална за понатамошниот тек на првенството. Сепак на загревањето на нашите ракометарите стигна веста за победата на Германија над Франција во А групата, што драстично ги смени нашите планови.Така првите три напади не ги реализираа ни едните, ни другите. Мелгард го отвори резултатот, пред капитенот Лазаров да израмни.

Повеќе...

ВИДЕО: Дресот на Кирил Лазаров нема ниту една цена

tomce so ekipata

Битолската експедиција која со автомобил мина 3700 километри за да ја бодри националната репрезентација тука нема намера да сопре. „Заминуваме за Барселона. На ракометарите им треба нашата подршка„ велат тие.Откако јавно му се заблагодарија на Лазаров за помошта при оваа нивна авантура, ни ја раскажаа и последната нивна анегдота.

Повеќе...

ВИДЕО: Лазаров против Хансен - втор дел

makedonskisport4439naslovna 4439

Спортскиот весник „Македонски спорт„ го најави големиот меч со Данска како дуел на титаните: Микел Хансен против Кирил Лазаров. Кога последен пат во репрезентативниот дрес играа еден против друг, тоа беше спектакуларно.

Повеќе...

„Судиите од Брегот на слоновата коска делегирани за дуелот Македонија - Данска„

sudii za 18

Судиската двојка од Брегот на слоновата коска Јалатима Кулибали и Диабате Мамуду се делегирани од страна на ИХФ да го судат вечерашниот дуел од 5.коло меѓу Македонија и Данска.

Повеќе...

Рутенка, па Лазаров во сите категории

kiremkd

Статистиката по четири одиграни натпревари на сите 24 репрезентации на првенството говори дека Сергеј Рутенка и Кирил Лазаров имаат најдобар инвидуален биланс од сите пријавени ракометари. Двајцата се убедливо први и меѓу стрелците и во групата на поени (голови + асистенции)

Повеќе...