Лазаров со уште еден одличен мундијал
Можеби нема да биде најдобар стрелец како во Хрватска пред четири години, но Кирил Лазаров зад себе остави уште еден одличен мундијал. Одигра шест натпревари и на сите беше најдобар стрелец. Вкупно постигна 44 гола, што е одличен просек од преку 7 гола по натпревар. Еве како „страдаа„ противниците пред нашиот капитен.
Германија заслужено не праќа дома
23 Светско првенство - Шпанија 2013
Осминафинале (Барселона)
Германија – Македонија 28:23 (13:9)
Нашата ракометна репрезентација спремна го дочека натпреварот на годината. На големите натпреварувања не може далеку да се дотурка без да се соочиме со Германија. Шундовски го потврди тимот со Исланд, Русија и Данска и ги остави Златко Мојсоски и Ојлески надвор од официјалниот протокол.
ФОТО: Македонските ракометари ја почувствуваа „Палау Сант Жорди„
Нешто повеќе од еден час пред почетокот на средбата, сите македонски ракометари за прв пат ја почуствуваа подлогата и огромната арена во Барселона. Најавите се дека Шундовски нема да го менува тимот кој играше на последните три средби.
Љубиќ и Крстиќ ќе ни судат против Германија
Судиите од Словенија Ненад Крстич и Петр Љубич ќе го судат првото осминафинале на Светското првенство меѓу Македонија и Германија во Барселона. Организаторот веста за арбитрите ја обелодени во текот на утринските часови.
Лазаров најкорисен по групната фаза
Официјалната страница на Светското првенство ја објави инвидуалната статистика по првата групна фаза на првенството. Како трет најдобар стрелец и втор најдобар асистент, нашиот капитен со хокеарски жаргон е МВП на првата фаза. Еве како тоа изгледа и детално.
Македонската федерација побара одлагање, кое експресно беше одбиено
Вечерва околу 20 часот, експедицијата на македонската ракометна репрезентација пристигна во Барселона и веднаш се смести во својот хотел без да го одржи предвидениот тренинг.
Србија - Шпанија најзвучно осминафинале
Со одигрувањето на последните мечеви од групната фаза, веќе се знаат и сите осминафинални парови. По поразот од Словенија, европскиот вицешампион Србија налета на Шпанија, која ја загуби битката за првото место во групата од Хрватска.
ФОТО: Со Автобус и чартер воз до Барселона
Иако планираа уште во раните утрински часови да се упатат во Барселона, делегацијата на македонската ракометна репрезентација исто како и Исланд, преку автобус до Кордоба и потоа со чартер воз, патува до Барселона.
ФОТО: Ликот на исландскиот селектор кажува многу работи
Како никогаш цела една недела натпревари во Б групата на Светското првенство во Севиља, прес-центарот не бил така исполнет како за време на вчерашниот натпревар, меѓу Франција и Германија. Додека Катар и Исланд привршуваа во „Сан Пабло„ арената, мислите на скоро сите беа свртени кон натпреварот во Барселона.
Дефинирани четири осминафинални парови
Со завршувањето на натпреварите во А и Б групите кои се вкрстуваат меѓу себе за осминафиналните парови, полека се кристализираат паровите за првите нокаут натпревари.