ВИДЕО: Шундовски: „Ние секогаш играме под притисок„
На денешниот брифинг пред хотелот „Барсело Ренасименто„ во Севиља по андалузиското сонце, селекторот Звонко Шундовски направи детална анализа на сработеното и најави што треба да очекуваме утре против Исланд.
„Ние сме навикнати секогаш да играме под притисок. Нашата нација секогаш многу очекува од ракометната репрезентација. Некогаш не сме најреални во очекувањата и коментарите. Исланд добро го проучивме, го запознавме и нема со многу што да не изненади„ ни рече Шундовски во утринскиот разговор со новинарите. До мечот утре попладне, нашата репрезентација ќе тренира два пати, еднаш вечерва во „Пино Монтањо„ од 19:30 и еднаш утре во „Павиљон Сан Пабло„ од 10:30 изутрина.