hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Египет подобар и во вториот тест, Лазаров ги провери сите повикани ракометари

egipet - makedonija1

Египет - Македонија 31:26 (16:13)

Машката ракометна репрезентација на Македонија го загуби и вториот натпревар против Египет на гостувањето во Каиро во рамките на ЕХФ неделата.

Повеќе...

Македонија загуби во првиот пријателски натпревар во Каиро

egipet - makedonija

Египет - Македонија 32:25 (12:10)

Ракометната репрезентација на Македонија попладнево загуби на гостувањето во Каиро со 32:25 (12:10) во првиот од двата натпревари против Египет во рамките на ЕХФ неделата резервирана за меѓународни контролни натпревари. Избраниците на селекторот Кирил Лазаров одржуваа резултатска неизвесност до 42. минута, кога домаќините со серија од 4:0 стекнаа предност од 23:18, која до крајот на натпреварот беше недостижна.

Повеќе...

Започна продажбата на автобиографијата „Секогаш на победа“

252165758 1333445963752265 3053564720067243651 n

Автобиографијата на Кирил Лазаров „Секогаш на победа" по цена од 499 денари можете да ја купите во преку 200 продавници низ Македонија и книжарниците на literatura.mk.

Повеќе...

Промовирана автобиографијата на Кирил Лазаров - „Секогаш на победа“

Kire Lazarov promocija na avtobiografija 03.11.2021-11-60

Вечерва во Скопје беше презентирана автобиографската книга „Секогаш на победа", дело на Кирил Лазаров, еден од најдобрите ракометари на сите времиња. Најдобриот стрелец на Лигата на шампионите и рекордер по многу основи кога е во прашање светот на ракометот, на хартија ја пренесе својата ракометна и животна приказна во соработка со српскиот новинар Жика Богдановиќ, основач на регионалниот ракометен портал „Балкан-Хандбал".

Повеќе...

Лазаров: Имаме јасна идеја како подготвени да го дочекаме Европското првенство

download

Македонските сениори денес ја имаа првата средба, пред патот за Египет, каде што ќе одиграат два контролни натпревари со олимпискиот полуфиналист.

Повеќе...

Лазаров ја собра репрезентацијата пред двомечот со Египет во Каиро

lazarov sobir

Ракометната репрезетнација на Македонија се собра во хотелот „Александар Палас", со што и официјално ќе биде започнат подготовките за Европското првенство 2022 кое во јануари ќе се одржи во Унгарија и Словачка.

Повеќе...

Лазаров погодуваше и асистираше, Нант на гости го совлада Саран

saran - nant lazarov

Саран - Нант 28:30 (12:17)

Три дена по европскиот пораз на домашен терен, ракометарите на Нант им се вратија на победите, откако на гостински терен го совлада тимот на Саран со 28:30.

Повеќе...

Наскоро промоција на автобиографската книга на Кирил Лазаров - „Секогаш на победа“

sekogas na pobeda

Автобиографското дело на еден од најдобрите ракометари во 21-от век, Кирил Лазаров, „Секогаш на победа" наскоро ќе биде достапно за читателите и на македонски јазик. Книгата, која љубителите на спортот во Македонија и во целиот регион со нетрпение ја очекуваа, ќе биде промовирана следната недела во Скопје. Најдобриот стрелец во историјата на Лигата на шампионите и рекордер по многу основи во светот на ракометот, на хартија ја пренесе својата ракометна и животна приказна во соработка со српскиот новинар Жика Богдановиќ, основач на регионалниот ракометен портал „Balkan-handball".

Повеќе...

Лемго го изненади Нант и однесе цел плен од Франција

кирил лазаров со лемго

Нант - Лемго 27:28 (10:12)

Непредвидливоста на ЕХФ Лига Европа на најдобар можен начин можеше да се види во натпреварите од второто коло. Еден од фаворитите за освојување на натпреварувањето, француски Нант загуби на домашен терен од бундеслигашот Лемго со 27:28, само седум дена откако Бенфика ги победи Германците на гостински терен.

Повеќе...

Спектакуларниот Нант го „наполни“ Нанси, Лазаров вгради три гола во победата

nant nancy

Нант - Нанси 37:28 (20:13)

Ракометарите на Нант заокружија перфектна недела со трета победа во шест дена и одиграа гледлив и ефикасен ракомет. Екипата на Кирил Лазаров го отвори седмото коло од првeнството на Франција со лесна победа над Нанси со 37:28. Нашиот најдобар ракометар максимално ја искористи минутажата, играше тимски, но подели и неколку асистенции и голови. На одмор се замина со +7, а во вториот дел гостите целосно се предадоа и загубија со девет разлика.

Повеќе...