hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Ждребката за Еуро 2014 на 21 јуни

kire 29 04 2013

Штом бидат одиграни последните две кола од квалификациите на 12 и 16 јуни ќе бидат познати сите репрезентации кои ќе земат учество на наредниот континентален собир во Данска од 12 до 26 јанури 2014 година. „Јиске Банк боксен„ арената во Хернинг ќе биде местото каде ќе се одржи ждребката, а терминот е 21 јуни во 18:30 часот пред пријателскиот натпревар Данска - Полска.

Така како никогаш досега пред аудиториум од 15.000 луѓе ќе бидат комплетирани четирите групи од по четири селекции. Домаќинот Данска, Франција, Шпанија и Исланд веќе ги планираат своите настапи на овој шампионат. Извесно е дека Данска ќе игра во А групата во Хернинг, а останатите групни натпревари ќе се играат во Копенхаген, Алборг и Архус. За Македонија да се најде на јунската ждребка ќе мора да ги добие Швајцарија и Португалија во јуни и да се надева дека Шпанија ќе слави во Португалија. Во тој случај од квалификационата група А во Данска ќе патуваат Шпанија и Македонија.

Share