hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Душебаев: „Шариќ пак не порази„

talant so barca copy

По завршувањето на вторите 60 минути од четвртфиналето на Лигата на шампионите, тренерот на Атлетико Мадрид каризматичниот Талант Душебаев го призна поразот. „Повторно како пред две години во Келн, Даниел Шариќ не порази. Тешко е да се игра кога против себе имате голман кој ќе го затвори голот. Головите кои ги промашивме, меѓу нив и трите седмерци беа одлучувачки. Но секогаш понатаму минува подобрата екипа. И сега не барам никаков изговор, подобрата екипа победи и овој пат. За мене ова е тажен ден и не ми преостанува ништо, освен да му честитам на Барселона„ заврши Душебаев. Овој меч во многу работи потсеќа на финалето пред две сезони, кога Шариќ беше повторно најзслужен за победата која тогаш му донесе европска титула на каталонците.

Share