hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров за „Утрински„: „Сигурно ќе дадеме повеќе од 20 гола

kire inter 25 04 2013

Мислите на нашиот најдобар ракометар Кирил Лазаров се насочени кон саботниот меч со Барселона, кој може на Атлетико (своевремено Сиудад Реал) да му го донесе четвртиот FINAL FOUR, а на нашиот ракометар петтотто полуфинале на Лигата на шампионите. За „Утрински весник„ Лазаров најавува како нестрпливо го чека мечот и покрај повредите:

„Не е како што треба да биде, но ќе стегнам заби, бидејќи ваков натпревар, едноставно, не се пропушта. Снимките на ногата не покажаа ништо, така што обновената повреда на ципите во дресот на репрезентацијата против Шпанија и болките во задната ложа на првата средба со Барса нема да ме спречат. По мечот одморив неколку дена, па почнав со полесни тренинзи и до сабота ќе бидам подготвен „Имавме цел да победиме со каква било разлика. Го разбивме малерот против нив сезонава и сега имаме плус пет, кои, практично, се плус шест, бидејќи сигурно ќе дадеме повеќе од 20 гола. Но, не смееме да го браниме резултатот, бидејќи тогаш сигурно нема да поминеме. Добро е што Омбрадос не победи во трката за претседател на Шпанската ракометна федерација, па ќе го имаме на голот и во Барселона. Позитивни сме. Ова е финале пред финалето. Да имавме друг противник, немаше да бидеме толку мотивирани. Дуелите со Барселона се психолошка војна поради ривалството меѓу двата клуба, на кое се надоврзува и тоа меѓу навивачите. Подготвени сме за битка, знаеме што не' очекува и се надевам дека на крајот ќе се радуваме на ново учество на фајнал-форот", вели Лазаров, кој не се оптоварува со тоа колку гола ќе даде.

„Важно е да се постигнуваат голови, но најмалку важно е кој ќе ги даде. Сите сме дел од системот на игра што ќе го постави тренерот Талант Душебаев, со кој ги добивме во Мадрид и стекнавме самодоверба пред реваншот" Во врска со својата иднина Лазаров беше дециден: „Во средината на мај ќе знам поконкретно каде ќе играм во новата сезона" вели Лазаров, кого со Атлетико го врзува уште една година од договорот.

Share