hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Само една екипа секогаш е на FINAL FOUR

kire atletiko 25 04 2013

Со воведувањето на FINAL FOUR во завршницата на Лигата на шампионите, ракометот доби на атрактивност и спектакуларност. Наместо поранешните два меча на теренот на финалистите, завршниот турнир во Келн секоја година ги собира најдобрите. А знаете ли дека досега само една екипа учествувала на сите три изданија на FINAL FOUR.

Таа екипа е токму Атлетико Мадрид (Сиудад Реал). Покрај тренерот Талант Душебаев, уште Јонас Калман, Хулен Агинагалде, Дејвис, Омбрадос и Штербик се до денес постојаните учесници во големата четворка. Црвено белите од Мадрид в сабота ќе се обидат по четврти пат да влезат меѓу најдобрите на континентот. Еве кои екипи досега ја виделе одблиску „Ланксас арената„ во Келн:

2009/10 - Кил, Барселона, Сиудад Реал, Чеховски медведи

2010/11 - Барселона, Сиудад Реал, Хамбург, Рајн-Ловен Некер

2011/12 - Кил, Атлетико Мадрид, Копенхаген, Фуксе Берлин

Кирил Лазаров два пати играл финале на Лигата на шампионите и два пати полуфинале, но сеуште му недостига највредниот клубски трофеј.

Share