hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Барса шампион, Атлетико во Лигата на шампионите

barca campeon de liga asobal photo

На три кола до крајот на ASOBAL лигата познат е епилогот за сезоната 2012/13. Трета година по ред Барселона е првак на Шпанија, овој пат математички на три кола до крајот. Победата во Леон од 25:30 беше потврда за скоро перфектната сезона за екипата на Чави Пасквал која до крајот ќе се обиде да собори уште еден рекорд, да стане првак без пораз со максимални 60 бода. Ова е 20 титула на најтрофејната екипа во историјата на ASOBAL лигата. Атлетико Мадрид исто така математички ја осигура вицешампионската титула, како и минатата година и ќе игра во Лигата на шампионите во сезоната 2013/14 како претставник на Шпанија. До крајот на шампионатот Барса и Атлетико Мадрид за првенствени бодови треба да играат во „Палау Блауграна„ во 28 коло на 11 мај.

 

 

Share