hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Рутинска победа за второ место и добра клима за в сабота

atletiko so aragon

Aтлетико Мадрид - Арагон 35:32 (19:13)

Меѓу двата натпревари со Барселона, мораше да се игра и редовно коло од ASOBAL лигата, па Атлетико Мадрид без неколку стандардни ракометари, меѓу нив и без Кирил Лазаров, мораше да ја одработи работата.

Целта беше да се победи, но да не се ризикува некаква повреда и екипата многу да не се замори за саботниот меч во „Палау Блауграна„ Младите Елој Рубио и Алфонсо Махадас дебитираа за првата екипа на Атлетико Мадрид во дуел со екипата во чии редови блескаше најдобриот стрелец во лигата Алекс Душебаев. Но и во видоизменет состав, од стартот доминираа домаќините. Со головите на Санчез и Ларго, екипата на Талант брзо отвори со 2:0. Целата игра на гостите од Сарагоза се вртеше околу леворакиот А. Душебаев, кој веќе на првата средба беше движечка сила на Арагон, во мечот кој заврши нерешено. Трите негови голови и двата на Љоренте го одржуваа Арагон во мечот. Така по половина полувреме беше само 7:6 за вицешампионот. Тогаш Мариуш Јуркиевич, Алваро Ферер и Давид Дејвис постигнаа три брзи гола од левата страна од нападот на Атлетико за осетливи 11:7. Таа предност остана до одморот со полскиот ракометар како стрелец на уште четири гола до финишот на првиот дел (16:12). Откако Арагон се доближи со голот на Герпе, во последните три минути од првиот дел Канељас погоди два пати од позиционен напад и Ивано Балиќ од контранапад за највисоки 19:13 на полувреме.

Целото второ полувреме мина во знакот на безуспешните обиди на гостите да се вратат во мечот. Еду Фернандез и Масач го отворија продолжението за прво водство од седум разлика. Но Душебаев со нови проектили и три гола во шест минути и еден гол од контранапад на Косано, го вратија Арагон на 22:19. Но Јоан Канељас ги превзеде работите во свои раце и со нови два гола, искусно го одлепи Атлетико на 29:25. Двете екипи играа не многу агресивно во одбрана, па имаше простор за креативноста за најдобрите поединци во двете екипи. Фантастичниот Алекс Душебаев со два гола во 53 и 55 минута, два пати креативното низ одбраната на црвено-белите, намали на само 32:30. Но само привидна беше драматиката во мечот. Јуркиевич пак се врати кога најмногу требаше, а погоди и Масач за финалната победа од 35:32 за екипата на Атлетико Мадрид.

Во победничката екипа Јоан Канељас постигна 7, Јуркиевич и Ферер додадоа по 6 гола, а норвежанецот Дал собра само 7 интервенции. Кај Арагон пак најефикасен Алекс Душебаев со 12 гола, му помогна Косано со 6 и Герпе со 5 гола. Рутинска победа на Атлетико за потврда на второто место и добра клима пред мечот со Барселона в сабота навечер.

Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share