hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров на екографија, го пропушта Арагон

kire povreda

На денешниот редовен тренинг во Мадрид, Талант Душебаев најмногу беше преокупиран со повредите на двајцата ракометари по десната страна Кирил Лазаров и Гарсија Парондо. И двајцата денес не тренираа и утре нема да настапат против Арагон. За вторник е закажана екографија да се констатира сериозноста на повредата на нашиот капитен.

Дури по екографијата ќе се знае дали Лазаров ќе игра во Барселона или не. Сепак како и често до сега најдобриот стрелец на Атлетико Мадрид во сезоната ќе се обиде да му се стави на располагање на Душебаев за историската можност за уште еден FINAL FOUR за него и екипата. Утре против Арагон во ASOBAL лигата за прв пат оваа сезона, Атлетико ќе биде без класичен левак на бековска позиција заради повредите на Лазаров и Бараше, а и на крилна позиција избор е само Масач. Повреден е и Гојун и како и Бареше сигурно нема да игра на возвратниот меч од четвртфиналето на Лигата на шампионите со Барселона в сабота.

Share