hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Омбрадос поразен во изборот за претседател

slika ombrados

Најважната победа капитенот на Атлетико Мадрид, Хозе Хавиер Омбрадос ја издвојува во саботата против Барселона. Денес на изборното собрание на шпанската ракометна федерација соиграчот и голем пријател на Кирил Лазаров загуби од Франциско Бласкез во изборот за предводник на федерацијата. Омбрадос собра 32, а Бласкез 54 гласови. Легенадарниот скоро 42 годишен голман веднаш се насочи кон ракометните активности и попладнево имаше редовна тренинг сесија пред утрешниот меч со Арагон од ASOBAL лигата. Шпанскиот ракомет во Бласкез доби наследник на Роман Де Диос Секо кој ја водеше федерацијата на актуелниот светски првак во последните четири години.

Share