Завршниот турнир на 38 издание на Купот на шпанскиот крал во ракомет иако беше предвидено да се игра во Галиција, според шпанската ASOBAL федерација ќе се одржи во Логроњо. Натурхаус Ла Роха е клубот кој ја доби организацијата и заедно со Атлетико Мадрид, Барселона и Пуерто Сагунто ќе се борат за трофејот од од Торевиеха од минатата година го брани Атлетико Мадрид. Направено е и мало поместување во термините, па наместо на 4 и 5 мај, мечевите ќе се играат на 3 мај (полуфинале) и на 4 мај (големото финале). Дополнително ќе бидат извлечени полуфиналните парови. Мечевите ќе се играат во „Паласио де депортес„ во Логроњо, а капацитетот е 3851 гледачи.