hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Парондо се сели во Сегедин

parondo

По официјализацијата за преминот на Николај Маркусен во Катар, уште еден ракометар на Атлетико Мадрид ја знае својата иднина за наредната сезона. Пред некоја недела Роберто Гарсија Парондо потврди дека нема да го продолжи договорот со Атлетико Мадрид, а веќе се знае и новата дестинација. Тој ќе ја зголеми шпанската колонија во Унгарија и ќе игра за вицешампионот ПИК Сегедин, каде тренер е Хуан Карлос Пастор. Заедно со Гарсија Парондо во овој клуб потпиша и Миндехиа од Натурхаус Ла Роха. Од оваа сезона во унгарската лига настапуваат и Наџи, Онето, Угалде и Чема Родригез, а Пастор е втор тренер по Ортега (Веспрем) кој се сели од Шпанија во Унгарија.

Share