hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Кои се најдобрите мечеви на Кирил Лазаров?

kire 26 03 2

Неделниот победнички гол во Берлин е само еден од многуте одлучувачки голови како круна на изворедни партии на Кирил Лазаров. Во неговата клубска кариера оставал многу длабоки траги во сите клубови во кои настапувал. Од неговата богата европска архива ги издвојуваме најдобрите перформанси на Лазаров во секој од клубовите каде настапуваше во европските купови.

- Пелистер - Ковопетрол (1999/2000) - 30:27 (16:13)

Лазаров како момче со неполни 20 години ја превзеде одговорноста и против силниот чешки првак Ковопетрол ја понесе својата екипа кон победа од +3 во спортската сала „Младост„ во Битола. Иако подоцна оваа минимална победа не беше доволна за пласман во 2 коло на Купот на шампионите, мечот во Битола беше преставување на новата европска ракометна звезда. Леворакиот Лазаров до врв ја наполни чешката мрежа и брзо потоа замина во Загреб.

- Фотекс Веспрем - Барселона (2005/06) - 31:26 (16:14)

Да постигнува одлучувачки голови со звукот на сирената не е нов обичај на Лазаров. Од секогаш ја превземал одговорноста и шутирал кога тоа најмногу требало и кога другите не ни помисливале. Посебно ако противник ви е Барселона. Истата таа Барселона која во тој период не беше ни малку лесно да се победи. Таа есен 2005 година, Лазаров својот одличен настап во Веспрем го круниса со гол во последната секунда за +5 и елиминација на каталонците уште во осминафиналето. На првата средба беше 33:29 и голот на македонскиот интернационалец го квалификува Фотекс Веспрем понатаму во сезоната во која овој клуб стигна до четвртфиналето на Лигата на шампионите.

- Флензбург - Загреб Кроација Осигурање (2007/08) - 36:29 (16:15)

Се играше последниот меч од четвртфиналната група на Лигата на шампионите. На 16 март 2008 година, нашиот ракометен херој сам му парираше на германскиот гигант и покрај квалитетот на ривалот, постигнуваше голови од сите позиции. Така мечот го заврши со 13 голови, но неговиот Загреб не успеа да напредува во тогашната сезона од Лигата на шампиони.

- Ал Саад - Реновалиа Сиудад Реал (2010) 25:30 (11:15)

Таа 2010 година Лазаров со уште неколку свои клубски другари од Загреб Кроација Осигурање, настапуваа како отстапени ракометари за катарскиот Ал Саад на мундијалот на клубови IHF Super Globe во Доха. И токму во финалето Лазаров и Ал Саад го намачија тогашниот европски првак Реновалиа Сиудад Реал на Талант Душебаев. Долго време катарскиот тим му парираше на силниот и скап состав на Реновалиа Сиудад Реал. Кирил Лазаров му даде 13 гола и од тој момент шпанците сериозно се заинтересираа за него и брзо потоа го доведоа место Метличиќ и не погрешија. Лазаров вакви партии демонстрираше и во дресот на шпанскиот клуб.

- Флензбург - Реновалиа Сиудад Реал (2010/11) - 24:38 (8:19)

Во својата прва сезона во Шпанија, големиот Лазаров веднаш знаеше како треба да се претстави за шпанците да го запаметат. И пак жртва беше Флензбург. Ретко кој го победил овој голем германски клуб со 14 разлика сред Германија. Ете токму тоа им успеа на Лазаров и Реновалиа Сиудад Реал. Финалните 24:38 одекнуваат како симултанка во која играа „мачка и глушец„ Лазаров во таа симултанка во која учествуваа и Абало и Агинагалде, постигна 10 гола и веднаш наговести за какво засилување станува збор. Подоцна беше вицешампион на Европа со клубот од близината на Мадрид.

- Атлетико Мадрид - Копенхаген (2011/12) - 25:23 (12:15)

Во своето трето полуфинале на Лигата на шампионите, само половина година по големиот дуел со Микел Хансен на мечот во Белград меѓу Македонија и Србија, двајцата актери се сретнаа меѓу себе и во Германија. Иако мулти милионскиот тим на Копенхаген важеше за фаворит на таа средба, Лазаров го одбра вистинскиот момент за својата најдобра партија таа сезона во црвено белиот дрес. На тој 26 мај во меч со промени на водството, резултатски падеми и подеми, тимот на Душебаев имаше адут повеќе. Лазаров постигна 11 гола, наспроти само 4 на Хансен и тоа беше клучниот фактор во победата на Атлетико. Подоцна мадриѓаните пак беа сребрени по поразот во финалето од Кил.

Најсилната поука од сите овие големи мечеви на Лазаров е што за него најдобриот натпревар е секогаш тој кој следува. Наредниот предизвик е најважен, па така и овој пат Лазаров веќе во мислите ја има наредната „жртва„

Share