hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров му возврати на Хајневетер

silvio-heinevetter

Спортското ривалство е прекрасно затоа што нуди секогаш можност за нова шанса. Така германскиот чувар на мрежата Силвио Хајневетер ни остави лош впечаток со неговиот настап и однесување на светското првенство во Шпанија во јануари.

Минаа 64 дена од тој меч во Барселона кои сите го паметиме по изворедниот настап на голманот на Фуксе Берлин. Ако и тогаш Лазаров му даде 8 гола, сепак за целосниот реванш мораше да се чека до последната минута од клучниот осминафинален меч од Лигата на шампионите. И како што многу често во минатото превземал одговорност, нашиот најдобар ракометар се погрижи да се испише нова страница во историјата на Атлетико Мадрид. Голот кој во неделата му донесе четврфинале на клубот од главниот шпански град е трето последователно за македонскиот ас, кој откако е на Иберискиот полуостров редовно е на Final four во Келн.

Share