hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Агинагалде паузира три недели

kire 26 03 1

Победата во Берлин остави траги врз големиот шпански клуб Атлетико Мадрид и националната репрезентација на Шпанија. 2-3 недели баскиецот Хусен Агинагалде ќе биде надвор од стројот како што потврдува неговиот клуб.

„Станува збор за незгодна повреда по која вообичаената пауза изнесува најмалку 15-20 дена. Се надеваме дека Агинагалде ќе биде способен за настап на четвртфиналните средби од Лигата на шампионите" - се вели во клупското соопштение на Атлетико Мадрид. Хулен Агинагалде отпадна од списокот на селекторот Ривера за двомечот со Македонија, па со тоа ќе изостане и неговиот дуел со колегата од Атлетико Мадрид Кирил Лазаров, со кого кружниот напаѓач имаат неколку одлични сезони одлична соработка во таборот на Атлетико Мадрид. Останува да се види дали Македонија ќе го искористат отсуството на еден од најдобрите шпански ракометари и ќе го изненадат актуелниот светски шампион, со што би направиле голем чекор кон обезбедување на место на ЕП 2014 во Данска.

Share