hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров и Омбрадос го однесоа Атлетико во четвртфиналето

kire 24 03 2013

Фуксе Берлин - Атлетико Мадрид 26:27 (13:14)

Ракометарите на Атлетико Мадрид го продолжија низот од пласман меѓу најдобрите осум на стариот континент. Кога сите ги отпишуваа, Лазаров и другарите славеа среде Германија против Фуксе Берлин и се наоѓаат на само еден чекор до пласман на Final Four во Келн трета година по ред. 12.000 гледачи во Берлин го носеа својот тим до второ учество во големта четворка. Но свои сметки имаше и Лазаров во потрага по првата европска титула. Атлетико Мадрид одлично го почна мечот и рано поведе со 4:9. Но домаќините од Германија ги консолидираа редовите и брзо се вратија во мечот. Полека намалуваа и Ромеро и Игропуло ја „топеа„ предноста на европскиот вицешампион. Така на полувреме се замина со предност на тимот на Лазаров од само еден гол (13:142). Слично како и на првиот дуел во Мадрид, ракометарите на Фуксе Берлин фуриозно „додадоа гас„ на почетокот од второто полувреме и стигнаа до предност од 19:16. Сепак, овојпат Шпанците покажаа карактер и се вратија во средбата, најмногу благодарение на неколкуте одлични одбрани на недоволно опоравениот Омбрадос. До крајот се играше „ гол за гол", а при последниот напад на Атлетико беше јасно дека евентуално промашување ќе значеше и збогување на шпанскиот тим од елитното европско натпреварување. Сепак, Лазаров не подлегна под тој притисок, ја презеде одговорноста врз себе и маестрално го погоди десниот горен агол од голот на домаќините, трасирајќи го патот на Атлетико меѓу најдобрите осум екипи во Европа.

Во победничката екипа клучни беа одбраните на Омбрадос и искуството и квалитетот на нашиот Лазаров, автор на 6 гола. Во поразениот Фуксе Берлин Игропуло постигна 8, а Ромеро 4 гола. Сепак големиот број вакви натпревари на избраниците на Талант Душебаев им нудат уште една шанса да ја крунисаат сезоната со највредниот трофеј. Атлетико Мадрид во ждрепката за четврфиналето ќе добие еден од првопласираните тимови во групната фаза и првиот меч пак ќе го игра во Висталегре. Последна пречка пред FINAL FOUR ќе им биде Хамбург, Барселона, Киелце или Веспрем.

Душебаев: „Беше импресивно„

Со еден збор беше импресивно вечерва. Успеавме да се вратиме против една голема екипа и на крај да победиме. Треба да се горди на ова што денес го направивме. Им се заблагодарувам на сите ракометари за трудот и вложувањето и на Омбрадос што се врати порано од повредата и како голем капитен ни помогна да стигнеме до четвртфиналето. Ги повикувам нашите навивачи уште еднаш да го наполнат „Висталегре„ и да ни помогнат пак да дојдеме до Келн.

Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА

Share