hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Егзибиција на Атлетико пред мечот на годината во Берлин

kire 20 03

Атлетико Мадрид - Вила де Аранда 32:18 (18:8)

По ремито во осминафиналето на Лигата на шампионите, најдобра „медицина„ за ракометарите на Атлетико Мадрид беше првенствениот меч со Вила де Аранда во „Висталегре„ во главниот град. Маркусен и Дејвис од самиот старт најавија дека Атлетико по секоја цена бара победа и уверлив настап (2:0) Требаше да минат скоро 8 минути за гостите преку Енрике Плаза да го постигнат првиот гол.

Веднаш потоа и Расеро Хернандез намали на 3:2. Со два гола на младиот Мигуел Санчез, екипата на Душебаев дојде до 6:3 во 13 минута. На половина од првиот дел головите од долги акции на Гаскон и Де Ла Кал ја намалија дистанцата до фаворитот од -4 до 7:5. Но квалитетот и силниот удар на Мариус Јуркиевич и неговите два гола го принудија гостинскиот тренер Маги Сера на тајм-аут при 9:5. По неколку одбрани на норвежанецот Дал, во 22 минута Јонас Калман донесе највисоки 5 разлика за мадриѓаните. Еду Фернандез со уште два гола ја направи предноста двојна за 12:6 на пет минути до одморот. Полека се назираше победникот и од минута во минута играта во одбрана на фаворитот беше постабилна и со лесниот гол на Масач домашната екипа отиде на 14:7. На две минути до одморот и нашиот Кирил Лазаров се запиша меѓу стрелците со гол од седум метри (16:7) Четвртиот гол на Јуркиевич и третиот на Еду Фернадез го затворија првиот дел со 10 голови предност, раскошна игра и десет различни стрелци за Атлетико Мадрид (18:8)

 На стартот на вториот дел младиот Диез застана на голот на Атлетико Мадрид и собра три интервенции за неполни пет минути, меѓу нив и еден седмерец. Лазаров во 36 минута од крилна позиција погодува по втор пат во мечот за 20:9. Две минути подоцна од казнен удар македонскиот репрезентативец го постигна својот трет гол за 11 голови предност. Неговите најдобри пет минути ги заокружи со гол со скок-шут за 22:12 во 42 минута. Дури и последниот кој недостигаше меѓу стрелците, крилото Гарсија Парондо погоди за 23:12 на половина од вториот дел. Пивотменот Манел Гаскон со својот втор гол ја прекина домашната серија за 24:13. Едуард Фернандез својот одличен меч го круниса со петтиот гол за 29:16 на пет минути до крајот. Најефикасниот Јуркиевич со својот шести гол го внесе мечот во последната минута со 31:17. Сио звукот на сирената Кирил Лазаров погоди за 32:18. Полскиот интернационалец Јуркиевич постигна најмногу голови, веднаш зад него Еду Фернандез, Маркусен и нашиот Лазаров собраа по 5 гола. Добра презентација на младиот голман Антонио Диез. Наредниот меч за Лазаров и другарите е гостувањето кај Фуксе Берлин в недела од 17 часот. Од исходот на овој осминафинален меч, во многу нешта ќе зависи комплетната сезона на Атлетико Мадрид. Во последниот меч пред дуелот со Атлетико, вечерва Фуксе Герлин го доби Гросвалштат со 30:21 (12:12) во редовното бундеслигашко коло.

Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:

Share