hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Трилер реми во " Висталегре "

kire velux 17 03 2013

Атлетико Мадрид - Фуксе Берлин 29:29 (13:10)

Осминафиналниот меч од Лигата на шампионите, ракометарите на Атлетико Мадрид го подготвија како да се работи за финале. Дури и капитенот Омбрадос се опорави по половина година и влезе во официјалниот протокол, иако се уште не е доволно подготвен за ваков тим на натпревар. „Висталегре„ во Мадрид со втора најголема посета оваа сезона, како да се игра против Барселона.

Иако гостите први поведоа и Хајневетер му го одбрани седмерецот на Лазаров, видливо беше дека Атлетико Мадрид добро го подготвил овој натпревар. Со четворица двометраши во „срцето„ на одбраната плус Калман напред во одбранбениот бедем и на голманот Дал му беше полесно да брани. Така брзо шпанците загосподарија со натпреварот, Лазаров погоди од 9 метри, му се приклучија и Маркусен, Канељас од седмерци и Гарсија Парондо и европскиот вицешампион се одлепи на 5:2. Берлинските жолти имаа проблеми со начинот на кој ја пробиваа противничката одбрана. Кристоферсон и Игропуло беа сопрени и само ветеранот Икер Ромеро одржуваше чекор (8:5). Некаде на половина од првото полувреме домашните влегоа во серија на технички грешки, Селин, Лофлер па дури и Шпољариќ по контранад ги доближија германците до 11:10. Но последниот збор во првиот дел пак го имаа шпанците. Лазаров со својот втор гол и Агинагалде со уште два гола, последниот на 4 секунди до одморот, ги вратија најприсутните +3 за екипата на Душебаев. Доколку не беа тие 9 технички грешки и неколкуте интервенции на Хајневетер, веројатно првото полувреме ќе беше уште поубедливо. Атлетико Мадрид го имаше рецептот за Фуксе Берлин, кој како никогаш оваа сезона во Европа беше предвидлив и стерилен во нападот.

Во вториот дел веднаш почнаа да дуваат некои поинакви „ветрови„ Младиот германски репрезентативец Кристоферсон со два гола го отвори вториот дел (14:12) Возврати нашиот Лазаров со третиот гол во мечот за нови +3. Но овој пат гостите полесно наоѓаа пат низ мадридската одбрана и русинот Игропуло прв пат погоди во 34 минута. Хајневетер и Ромеро ги одржуваа ракометарите на Фуксе Берлин на најчестите 3-4 разлика. И по 8 минути во вториот дел најмногу благодарение на гостинскиот голман, Фуксе Берлин преку Нинчевиќ и Лофлер израмни на 17:17. Агинагалде и Канељас со своите четврти голови го вратија минималецот за Атлетико Мадрид. Но самодовербата на жолтите растеше и пак на прилата на Хајнветер, од контранапад Селин донесе второ водство на Фуксе Берлин (19:20) Во централната фаза на вториот дел се играше преку кружните напаѓачи, па на головите на Агинагалде, одговараше Певнов. Дал цели 15 минути беше без интервенција, а Хајневетер и Ромеро за прв пат му донесоа +2 на гостите од Берлин. Играта на Атлетико Мадрид затаи во двата правци и до крајот домаќините бараа приклучок за било каква победа. Певнов со својот петти гол во 49 минута зголеми на 23:25. Хрватот Нинчевиќ на девет минути до крајот погоди за три разлика за германците. Дури во 23 минута од вториот дел Дал ја имаше првата интервенција во вториот дел, а Хајневетер собра 50% одбрани. Канељас и од игра и од седмерец со својот осми и деветти гол намали на -1, а Јуркиевич со човек помалку израмни на 26:26 на шест минути до крајот. Лазаров погоди по четврти пат, а Дејвис го врати водството на Атлетико Мадрид во 56 минута (28:27) Половина минута подоцна кога Парондо погоди од контра за +2, гостинскиот тренер Сигурдсон побара тајм-аут да ја прекине серијата од 6:1 на шпанците. Певнов од грешката на Гојун профитираше да намали на 29:28. Во последниот гостински напад, норвежанецот Дал го одбрани ударот на Певнов, но Ромеро од крилна позиција израмни. Во финалните 9 секунди, Атлетико Мадрид не успеа да погоди за минимална предност пред возвратниот меч.

Во шпанската екипа Канељас постигна 9 гола, Агинагалде додаде уште 5, Лазаров автор на 4 гола. Кај Фуксе Берлин јунак беше Хајневетер со 13 интервенции, Икер Ромеро многу искусно ја водеше својата екипа со 8 гола, Певнов постигна уште 5 гола. Возвратниот натпревар е на 24 март во големата берлинска арена, а потоа ќе биде познат четвртфиналистот и патникот во претпоследната ждрепка на ЕХФ во Лигата на шампионите оваа сезона.

Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:

Share