hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Видео: Обрван промовиран како селектор на македонската репрезентација

promocija obrvan

Од денес македонската машка репрезентација има нов селектор. По неколку години тој пак е странец и за прв пат доаѓа од Хрватска. Одлуката за избор на Обрван е донесена едногласно на денешната втора седница на Управниот одбор на Ракометната федерација на Македонија. Така Ивица Обрван е наследникот на Звонко Шундовски. На конкурсот за нов селeктор беа пријавени и македонските ракометни стратези Ристо Магдинчев, Никола Глигоров и Илија Темелковски. Сите ги исполнувале потребните услови, но изборот паднал на Обрван.

Договорот на хрватскиот стручњак со Ракометната федерација на Македонија е важечки до крајот на квалификациите за ЕП, со клаузула, доколку Македонија се пласира на евро-шампионатот, Обрван да биде нејзин предводник на тоа натпреварување. Новиот селектор е поранешен репрезентативец на Хрватска. Беше член на првите генерации на хрватскиот национален тим кој освои неклку одличја на меѓународни натпреварувања. Настапуваше за Метковиќ и за германскиот Пост Шверин. Тренерското искуство го почна во Метковиќ, настапувајќи во двојна улога - како играч и тренер. Под негово водство клубот во сезоната 1999/2000 го освои Купот ЕХФ и беше втор во хрватското првенство. Во 2007 година го презеде тренерското место во словенечкиот Горење, освојувајќи го второ место во националниот шампионат. Истата година, по краткиот престој во Словенија, се врати во Хрватска за да го тренира Загреб,а во меѓувреме работеше и во Медвешчак.

„Немам преголем избор на играчи за да направам драстични промени. Секоја повреда ни предизвикува проблеми, па така и повредата на Дејан Манасков. Сепак очекувам да се вратиме на патот на успесите успешно совладувајќи ги пречките кои ќе ни се појават на патот„ рече Обрван на неговата прва прес-конференција во новата улога. Тој веднаш замина за Загреб, а од среда повторно ќе биде во Скопје каде ќе престојува на подолг период следејќи ги официјалните настапи и тренинзите на потенцијалните репрезентативци.

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share