hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Положена „генералката„ пред Фуксе Берлин

kire 13 03 2013

Кангас - Атлетико Мадрид 31:35 (15:15)

Последниот натпревар пред продолжувањето на Лигата на шампионите за Атлетико Мадрид беше гостувањето кај Кангас. Во целост положен тестот за Кирил Лазаров и соиграчите. Ни малку не беше лесно да се игра во Галиција во арената „О Гатањал„ против една од најтврдите и најборбени екипи во ASOBAL лигата„ Во текот на целото прво полувреме се играше израмнето и ниту една екипа не преовладуваше над другата. Така предноста кој и да ја имаше беше само 1-2 гола. Дал на голот добро го отвори мечот, а Лазаров и Маркусен ги доведоа мадриѓаните во првото водство од 5:4. Од тој момент до одморот имаше дури уште седум израмнувања. 8:8 во 16, 10:10 во 19, и 12:12 во 24 минута беше само најава за тврд и израмнет натпревар. Во последните две минути од првиот дел Јонас Калман ја прекина серијата од 4 минути без гол за Атлетико Мадрид и на одмор се отиде со израмнети 15:15.

Во вториот дел поквалитетната екипа на Талант Душебаев „нагази„ и брзо дојде до водство и контрола на работите на паркетот, што подоцна се преточи во победа. Лазаров и Дејвис постигнаа два гола за прво одлепување од 17:20 во 36 минута. Како времето одминуваше играта во одбрана на Атлетико Мадрид стануваше посолидна, а доаѓаа и лесните голови. Калман и Канељас со нови голови од контранапади носат 20:24 во 40 минута. Подоцна Дал со уште две интервенции ги осоколи соиграчите и Маркусен во 45 минута носи прв пат пет голови предност (22:27). Гарсија се обиде да ги врати домаќините, кои дојдоа до -2, но пак Агинагалде ја превзеде одговорноста и Атлетико Мадрид искусно го приведе мечот кон крај до финалните 31:34. Агинагалде и Канељас постигнаа по 6 гола, нашиот Лазаров погоди пет пати, Дал имаше 12 интервенции. Солињо со 9 и Гарсија со 7 гола најсветлите точки во поразената екипа на Кангас.
В недела следува првиот меч од осминафиналето на Лигата на шампионите со германскиот Фуксе Берлин „Висталегре„ во Мадрид очекува посета како во првенствениот натпревар со Барселона во декември минатата година. Возвратниот натпревар се игра на 24 март во Берлин.

Share