hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Атлетико рутински победува и се готви за Фуксе Берлин

animo sabanovic

Атлетико Мадрид - Пуерто Сагунто 33:20 (17:10)

Ракометарите на Атлетико Мадрид забележаа нова победа во ASOBAL лигата и на една недела до мечот со Фуксе Берлин што за нив значи цела една сезона, постојат сите позитивни вибрации. Против гостите од областа близу Валенсија, Лазаров и другарите започнаа бавно.Во првите пет минути се играше гол за гол до 5:5, кога домаќините први побегнаа до два разлика.

Во тој период Лазаров најави дека е расположен со два постигнати гола, како и данецот Николај Маркусен, кој се врати по повредата. Кога Калман и Канељас погодија од контра веќе беше 8:5 на крајот од првата третина на полувремето. Серано беше единствениот кој се обидуваше да го сопре ритамот на расположените домаќини, а Дејвис со ефектен гол од крилна позиција во 21 минута донесе 11:7. На неговиот првенец се надоврзаа головите на Агинагалде и Ферер и Атлетико Мадрид веќе имаше +6. Двата гола на Милашевиќ и петте на Серано беа премалку за неубедливата екипа на Пуерто Сагунто, која на одмор замина со заостанување од седум голови (17:10).

Како ретко оваа сезона, избраниците на Талант Душебаев врзаа две добри полувремиња и не се опуштија и покрај големото водство. Маркусен преку блокот, Калман од негова позиција и Ивано Балиќ под зоната погодија за само две минути во вториот дел и предноста изнесуваше највисоки 20:10. Икер Серано од инвидуалности погоди два пати наспроти серијата на Хулен Агинагалде од линијата (25:15). Во еден таков опуштен натпревар повеќе од 4000 гледачи уживаа во враќањето во форма на Маркусен, ефектните голови на Канељас, а во финишот како и на стартот се појави нашиот Лазаров. Погоди три пати во последните 5 минути и ја „зацементира„ победата на 33:20. Со пет гола од осум обиди, нашиот ракометар заедно со Маркусен и Агинагалде беше најефикасен во победничката екипа. Со девет гола единствена светла точка кај Пуерто Сагунто беше Икер Серано со 9 гола. Следува само уште мечот со Кангас и наредниот викенд Фуксе Берлин гостува во „Висталегре„ во првиот осминафинален меч од Лигата на шампионите.


Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share