hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Мукаетов нов претседател на РФМ

mukaetov

Од денес РФМ има нов претседател. Бизнисменот Живко Мукаетов, директорот на Алкалоид и официјално е новиот претседател откако со акламација денеска беше избран на Собранието на РФМ. Веднаш по изборот најмладиот претседател на федерацијата коај го застапува нашиот најтрофеен спорт изјави: „Во овој проект влегувам со голем ентузијазам, како огромен љубител на спортот, темелен стратег и се надевам добар визионер. Ќе се потрудам македонскиот ракомет да функционира на поинаков начин отколку досега, дисциплина и напорна работа пред се, организациска структура со точно дефинирани одговорности, акцент на стратегијата од клупа..., кои верувам дека на долг рок ќе не донесат до посакуваните резултати. Да ги оставиме суетите на страна, да се сконцентрираме на конкретните задачи и за враќање на ракометот и во помалите градови, кои до пред извесно време важеа за спортски центри. Поседуваме солидна база, квалитет, што ќе треба само добро да се моделира.

Еден месец е премалку за да можам да ветам дека ќе го испорачаме посакуваниот резултат, но по природа сум човек кој не се откажува, по природа сум борец и можам да ветам дека ќе дадам се од себе. Треба да бидеме реални: патот за Данска ни е многу трнлив и многу неизвесен. Знам дека јавноста е насочена кон истото, но работите треба да се гледа на долг рок. Успех и пласман на ЕП, но клучното прашање е што потоа" рече Мукаетов во обраќањето.

Share