hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Канељас и Лазаров и нова победа за „скрпениот„ Атлетико

kire 02 03 2013

Академија Октавио - Атлетико Мадрид 32:38 (15:20)

Сите мартовски натпревари, Атлетико Мадрид ги користи како доближување до најважните натпревари со Фуксе Берлин во осминафиналето на Лигата на шампионите. Па така и овој во Виго со Академија Октавио. Душебаев во Галиција отпатува без повредените Јонас Калман, Парондо, Маркусен, Јуркиевич, Бараше и од поодамна Шабановиќ и Омбрадос.

Нашиот Кирил Лазаров одлично го отвори мечот и со скок шут го постигна првиот гол за Атлетико Мадрид. Гонзалез возврати по 5 минути игра, резултатот беше 2:2. Качеда и 42 годишниот Фран Гонзалез му носат прво водство на домашната екипа (4:3). Канељас од седмерец брзо ги враќа работите во нормала, а Балиќ со човек помалку, погоди од голема далечина за 6:6 во 12 минута. Двете екипи игра со наизменично постигнување на голови, па Сериљо во 14 минута од седум метри погоди за 8:7 за домаќините. Точно на полувреме Канељас и Лазаров со минијатура носат 9:9 во меч со многу голови и слаби одбрани. Хуарез од контра му носи за прв пат +2 на галицијците и тоа беше прв сигнал за криза во играта на вицешампионот. Фран Гонзалез со својот трет гол им влеа самодоверба на домашните. Но младата и изменета екипа на Атлетико Мадрид преку Мигуел Санчез се доближува на 12:11 во 19 минута. Консолидацијата ја донесе Агинагалде кој од полуконтра израмни и го принуди Домингез Мунаиз на минута одмор. Но Академија Октавио беше шокирана и серијата на Атлетико Мадрид од 5:0 донесе 12:14 со голот на Масач. Нашиот Лазаров пак ги покажа лидерските квалитети и со голот со задршка во 24 минута по четврти пат се запиша во листата на стрелците (13:15). Инерцијата на мечот го поведе Атлетико Мадрид кон комотно водство. Канељас, Дејвис и Масач само ја зголемија предноста на 14:19 на 90 секунди до одморот. Дури во последната минута Филип Калман го постигна првиот гол за Академија Октавио, но Анхел Ромеро веднаш возврати и со 15:20 се отиде на одмор. Офанзивен фестивал на игра, која на Атлетико наполно му одговараше.

Второто полувреме започна со серија на одбрани на двајцата голмани Кантада и Дал, а Канељас и Агинагалде само го контролираа водството од 5-6 гола за гостинската екипа. Рафаел да Силва со својот трет гол ја прекина мини-серијата на Атлетико Мадрид и намали на 17:23. Гостите како повеќе да се загрижија за повредите на Ромеро и Ферер, од отпорот на противникот. Хуарез од крилна позиција одржуваше подносливо заостанување и со четвртиот гол намали на 19:24. Качеда од чекор го заокружи позитивниот момент на домаќините за 21:25. Но веднаш робусниот Еду Фернандез од пивотменската позиција ги врати работите во нормала. Минута подоцна Балиќ со својот втор гол на половина полувреме донесе 22:27.

Но следеше нова серија од три гола на Академија Октавио и благодарение на Хуарез и Филип Калман, домашните ракометари дојдоа до 25:27. Канељас од седмерец врати на +3, а во последниот период од средбата нашиот Лазаров мораше да игра и десно крило. Младиот Диаз со две интервенции не дозволуваше домаќинот од Виго да се доближи и Канељас со седмиот свој гол враќа по старо (25:29). Филип Калман и Гонзалез на осум минути до крајот го доближуваат својот тим до -3, пред Канељас со осмиот гол да ги „спушти„ домаќините на земја. Балиќ во свој стил со „слалом„ по трет пат годи за нови +4 за фаворитот. Филип Калман се разбуди во вториот дел и со шестиот гол на 4 минути до крајот намали на 30:34. Но играта преку Агинагалде и Еду Фернандез и асистенциите на Лазаров и Балиќ го зададоа завршниот удар. Лазаров со шестиот гол стигна до својот просек за 31:37. Веднаш потоа од контра, ефектно ја донесе највисоката предност од +7 на 80 секунди до крајот. Конечните 32:38 реално покажуваат како се одвиваа работите на теренот. Канељас со 10 и Лазаров со 7 гола најефикасни во победничката екипа. Кај Академија Октавио Гонзалез и Филип Калман заедно постигнаа 15 гола. Сепак екипата од Виго од декември минатата година е без победа и бодови ќе мора да побара против некој помалку квалитетен ривал.

Наредната недела мадриѓани ќе можат малку да здивнат и да ги опорават повредените ракометари и по осум дена следува мечот со Сиудад Енкантада во рамките на ASOBAL лигата.

Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:

Share