hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Наумче спортист, а Кире суперспортист на годината според Сител ТВ

kire sportist

Ракометарот на македонската репрезентација и член на РК Металург Наумче Мојсовски го доби признанието најдобар спортист на Македонија за 2012 година во организација на Телевизија Сител. Традиционалната манифестација „Асовите бираат асови" се одржа во неделата во Телевизија Сител, а ова беше 21.во издание на оваа свеченост.

Во конкуренција на „Суперспортист" наградата му припадна на Кирил Лазаров, капитенот на македонската ракометна репрезентација и член на Атлетико Мадрид. Признанието „Ас на годината" го доби нашата параолимпијка Оливера Наковска-Бикова, која на Параолимписките игри во Лондон освои златен медал. За успесите постигнати на репрезентативен план и пред се за учествата на Европските првенства во Србија во 2012 година, како најдобри репрезентации беа прогласени машката и женската. Во конкуренција на екипи признанијата им припаднаа на машкиот и на женскиот колектив од Автокоманда - РК Металург и ЖРК Металург, кои покрај титулите имаат забележителни настапи и во еврокуповите. И наградата за најдобар тренер „замина на истата адреса". Тренерот на машката екипа на Металург, Лино Червар повторно е прогласен за најуспешен, додека во катергоријата селектор признанието му припадна на Бранимир Јовановски - тренер на Оливера Наковска-Бикова.

Најдобар млад спортист за 2012 година е ракометарот на Металург, Дејан Манасков. За спортски работник е прогласен Томе Главчев, а градоначалник на годината - Тони Трајковски од Гази Баба. Спортскиот оскар на СИТЕЛ телевизија го добија и Михајло Михајловски - Ватростална, за донаторството во македонскиот спорт и Ансамблот Танец доби награда „Со љубов за Македонија".

Share