hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров и Атлетико „тропаат на вратата„ на полуфиналето

kire 27 02 2013

Куп на Шпанија (Четвртфинале) - прв натпревар

Грањолерс - Атлетико Мадрид 25:30 (11:11)

Последната пречка пред првото издание на FINAL FOUR на Купот на шпанскиот крал, Атлетико Мадрид ја имаше во каталонскиот Грањолерс. Крилата на Атлетико Мадрид, Дејвис и Масач го отворија мечот за минимално водство на гостите. Кампос веднаш покажа дека е расположен и погоди на два пати по транзиција за Грањолерс.

Во првите 10 минути посебно активен беше и хрватот Јаков Гојун со еден гол и едно исклучување. На истекот на првата третина од полувремето Агинагалде погоди од линијата за 4:5, а Ресина од бековска позиција веднаш возврати за нов егал (5:5). По три последователно нереализирани напади на двете страни, Давид Дејвис погоди по втор пат за 5:6 во 15 минута. Но жилавите каталонци одржуваа чекор со фаворитот и Грундштен и Салинас за прв пат се запишаа меѓу стрелците за 7:7 во 21 минута. Нашиот Кирил Лазаров со ефектен гол со скок-шут ги примири домаќините и израмни на 8:8. Но целиот Грањолерс делуваше разиграно и Солер беше седмиот домашен ракометар, кој постигна гол за 9:8 во 22 минута. Пак возврати Лазаров од десната бековска позиција и на седум минути до одморот резултатот гласеше 9:9. Но грубата игра на Гојун им падна в очи на судиите и пред крајот на првиот дел, хрватот по втор пат беше исклучен. Адриа пак донесе +1 за домашниот тим и пак Лазаров овој пат од седум метри израмнува (10:10). Во последната минута од првиот дел Салинас со вториот гол погоди за Грањолерс, а на 12 секунди пред одморот Јоан Канељас од чекор израмни на 11:11, што беше резулатот на полувреме.

Вториот дел започна со две последователни интервенции на Дал и голови на Дејвис и Канељас од изградени акции на гостите. Во првите 6-7 минути од вториот дел мадриѓаните играа често комбинации преку кружните напаѓачи, па Агинагалде и Еду Фернандез погодија за 14:15. Лазаров погоди по четврти пат, а кога Масач „улови„ контра во 44 минута за прв пат една екипа имаше три разлика (15:18). Единствен од тимот на Грањолерс кој во вториот дел беше на висината на задачата бепе Салинас кој со два гола во централната фаза, вкупно пет во мечот, намали на 16:18. Но Атлетико имаше свои планови и Дал со 11 интервенција и Лазаров со шестиот гол носат 17:21 на неполни десет минути до крајот. Патот кон полуфиналето го подотвори Агинагалде со два последователни гола и за прв пат тимот на Душебаев имаше шест разлика. Борбениот и во одбраната фантастичниот Гојун во 53 минута заработи трето исклучување и автоматски црвен картон. Во последните 10 минути гостите ги одржаа тие 5-6 голови предност, а голови постигнаа и Санчез и Фернандез. Кампос со својот втор гол намали на 20:24, кога и домашната публика ја загуби надежта за подвиг. Веднаш потоа и Грундштен и Соле доближија до -2. Но „нагазија„ Лазаров со својот седми гол и повратникот по повредата Ферер и во 57 минута гостите имаа комотни 23:28. На нашиот капитен со седмиот гол му се приклучи Салинас кај Грањолерс за -4, но македонецот пак од 10 метри „распали„ за со осмиот гол да ги реши дилемите во овој меч, ако воопшто постоеа. Ромеро ги постави финалните 25:30 кои ја отвораат „вратата„ кон полуфиналето за Атлетико Мадрид.

Нашиот Кирил Лазаров со 8 гола најефиксен во победничката екипа, Дал собра 15 интервенции, а кај поразениот Грањолерс блескаше Салинас со 7 гола. Возвратниот меч се игра во Мадрид во арената „Висталегре„ на 27 март, а завршниот турнир од 5 до 7 мај во Виго. Токму таму в сабота против Академија Октавио, Атлетико Мадрид го огра наредниот првенствен меч од ASOBAL лигата.

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share