hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ФОТО: Лазаров ги бодреше Фалкао и другарите

kire atletiko 1

Со оглед на тоа што Талант Душебаев им даде слободен викенд на најголемиот дел од репрезентативците кои го носат дресот на Атлетико Мадрид, Лазаров и другарите знаеа како најдобро да го искористат. Имено неретко секоја слободна прилика нашиот ракометар ја користи за да го посети „Висенте Калдерон„ стадионот во Мадрид, каде што игра фудбалската екипа на Атлетико Мадрид.

kire atletiko 2

Така во неделата на првенствениот меч од „Ла Лига„ меѓу Атлетико Мадрид и Еспањол, избраниците на Диего Пабло Симеоне имаа дополнителна подршка од ракометарите. Сега кога таа им беше најпотребна по елиминацијата од европските купови, фудбалерите ја искористија. Со голот на Фалкао од пенал, црвено-белите забележаа минимална победа против Каталонците и ја задржаа дистанцата пред третопласираниот Реал Мадрид.

kire atletiko 3

Фудбалот е голема пасија во Шпанија и случувањата од најсилната европска лига ги следат буквално сите. И така ракометарите на Атлетико Мадрид исчекувајќи го противникот во осминафиналето на Лигата на шампионите, минаа допадливи 90 минути на „Висенте Калдерон„ Магијата на Диего Коста, ефикасноста на Радамел Фалкао и постојаните извици на подршка кон „Чоло„ Симеоне оставија посебен впечаток кај нашиот ракометар. Сигурно нема тоа да му биде последно гостување оваа сезона на стадионот на Атлетико. Посебно ако се знае дека мечевите со Барса и Реал Мадрид следуваат оваа пролет. Ако термините на ракометните мечеви дозволат, Кирил Лазаров пак ќе биде во свечената ложа на „Калдерон„ да стега палци за Фалкао и другарите.

Share