hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Веспрем победник во групата, Атлетико на третото место

vesprem - atletico

Веспрем - Атетико Мадрид 26:19 (12:8)

Во меч кој за Атлетико Мадрид немаше голем резултатски значај, Талант Душебаев се определи да патува со само 11 ракометари и тоа без скоро сите најдобри свои адути. Така фаворитот и победникот во групата Веспрем забележа победа за затворање на својот најдобар период во групната фаза, а Атлетико Мадрид како третопласиран ја очекува ждрепката за осминафиналето.

Мечот почна мирно, па по стартните 2:2, домаќините по диригентската игра на Ласло Наџи брзо дојдоа до 6:2. Асистенциите на бившиот ракометар на Барселона, често ги користеа Сулиќ и Часар за брзо водство на екипата на Антонио Ортега. Масач од седмерец и повратникот по повредата Алваро Ферер ја прекинаа серијата на Веспрем за 9:5 во 20 минута. Но квалитетот на унгарскиот првак и бившата екипа на нашиот Лазаров дојде до израз во последните 10 минути. Сулиќ погоди по втор пат од линија, а Талант Душебаев мораше да го внесе младиот Диаз на голот по повредата на Аднан Шабановиќ. Ромеро на минута до крајот на првиот дел намали на -4, а по гостинскиот тајм-аут на 19 секунди до крајот мадриѓаните преку Калман и Ромеро се обидоа, но голот на кружниот напаѓач стигна по истекот на регуларните 30 минути и на одмор се замина со 12:8 за Веспрем.

Вториот дел подобро го почнаа гостите. Дејвис од контра и Ромеро од линијата намалија на 14:12 во 35 минута. Угалде ја прекина серијата на шпанците и во 38 минута, па кога Наџи погоди од контра Веспрем пак имаше комотни 16:12. Масач од седмерец намали на 17:13, па и од игра по убавата интервенција на Диаз за 17:14. Но Мирсад Терзиќ со скок-шут преку зоната ги врати работите на свое за 18:14. Во игра гол за гол, по Еду Фернандез погоди Кристијан Угалде за 20:16 за тајм-аут на Душебаев во 47 минута. Чема Родригез против својата бивша екипа беше немилосрден два пати за 22:16 на 10 минути пред крајот. Кога Јаков Гојун од контранапад погоди во 55 минута, резултатот гласеше 23:19 и победникот скоро беше одлучен. Жамали со својот првенец победата ја направи убедлива со 26:19 на две минути до крајот. Тоа беше и конечниот резултат во прекрасниот амбиент на арената во Веспрем.

Така Веспрем го освои првото местов о Б групата, а шпанците во ждрепката влегува како третопласиран. Флензбург, Фуше Берлин или Металург се можните противници на екипата на нашиот Кирил Лазаров. Сега Атлетико Мадрид си зацрта цел в среда во Купот на Кралот да извлече позитивен резултат против каталонскиот Грањолерс пред завршниот турнир во мај во Виго.

Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:

Share