hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Атлетико лесно, Лазаров стандардно со фенерџијата

kire 19 02 2013

Атлетико Мадрид - Палма дел Рио 29:25 (14:10)

Два дена по натпреварот со Савехоф, нова рутинска победа во „Висталегре„ на ракометарите на Атлетико Мадрид, со Кирил Лазаров како најдобар стрелец. Против Палма дел Рио од Кордоба избраниците на Талант Душебаев повторно започнаа со проблеми. Гузман и Вермировски ги постигнаа првите два гола за гостинската екипа. Маркусен и Агинагалде во 8 минута му го носат првото водство на црвено-белоте (4:3). Кирил Лазаров прв пат погоди од седмерец во 11 минута за 6:2 за домашната екипа. Веднаш потоа нашиот ас погоди од игра, па со головите на Ортиз и Маркусен, домаќините стигнаа до првото убедливо водство од 19:4 во 18 минута. И по тајм-аутот на клупата на Палма дел Рио, инерцијата на мечот продолжи како што планираа фаворитите од Мадрид. Мојано и Падиља со голови од контри во 21 минута го доближија тимот од Кордоба до 11:6. Двете екипи играа брзо, исполнето со инвидуални потези и многу грешки. Во финишот на првото полувреме, Ивано Балиќ ја вклучи својата магија и погоди за 14:9 на неколку минути до одморот. До крајот на првиот дел мрежата на добриот голман Мануел Лопез (9 одбрани) по четврти пат ја затресе Николај Маркусен за 14:10 на полувреме.

Светскиот првак во дресот на Шпанија, Јоан Канеља два пати преку блокот погоди на отворањето на вториот дел (17:11). Тогаш гостите од Кордоба ја искористија конфузијата во акциите на мадриѓаните и Тешеира и Вермировски ја доближија екипата на Палма дел Рио до 18:16. Но разликата во квалитет беше евидентна. Опоравениот Гојун и расположениот Маркусен носат 20:16 во 41 минута. Кога два последователни гола постигна Агинагалде, а премиерно погоди Дејвис, победникот беше одлучен (23:17). Во 47 минута нашиот капитен Кирил Лазаров повторно „нагази„ и во голем стил го заврши натпреварот. Со три гола во финишот пак ја исполни својата вообичаена квота и со шест гола беше најефикасен стрелец на средбата. До крајот спектакуларниот Ивано Балиќ ја заокружи победата, пред Лазаров да погоди два пати за 29:25. Рутинска и лесна победа на Атлетико Мадрид против Палма дел Рио, пред завршниот меч во групната фаза на Лигата на шампионите, в сабота во Унгарија со Веспрем. Во победничката екипа Лазаров со 6 и Маркусен со 5 гола беа најефикасни, а кај гостите најсветли точки беа голманот Лопез и Вермиковски.

Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:

Share