hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Рутинска победа за гаранција за третото место

kire 17 02 2013

Атлетико Мадрид - Савехоф 32:25 (14:11)

Директната пресметка за третото место во групата беше можност, Лазаров и другарите во „Висталегре„ пред 4953 гледачи да му се реваншираат на шведскиот првак за поразот минатата година. Калман и Лазаров од седмерец добро го отворија натпреварот и по стартните 2:2, шпанците постојано имаа водство.

По неиграњето на претходните средби се врати данецот Маркусен, а и Ивано Балиќ беше се подобар и подобар. Токму неговиот гол во 13 минута донесе 7:4 за Атлетико Мадрид. Форсел со скок шут намали на -1, пред Дејвис од одпадок да го заокружи првиот дел од полувремето со 8:6 за екипата на Душебаев. Норвежанецот Дал влезе во позитивна серија на голот, а бројот на технички грешки беше се поголем и поголем. И во тоа безредие контрата на Береше ја заврши Давид Дејвис. Скоро на идентичен начин, швеѓанецот Калман погоди за 10:6, за тајм-аут на гостите. Гостите реагираа и двата гола на Фриден им донесоа 10:8 во 21 минута. Кога Гарсија Парондо пак погоди по контранапад за 11:8, евидентно беше дека цврстата одбрана носи лесни голови и резултатско одлепување. Лазаров со убава асистенција му подготви зицер на Ромеро за нови +4 на 6 минути до одморот. Минута подоцна по головите на Близнак и Нилсен, нашиот капитен погоди и од игра за 13:10. По серија на неискористени напади, Дал собра и 10 интервенција, а Роберто по втор пат погоди за 14:10. Домаќините не го искористија исклучувањето на Отосон и Близнак со човек помалку го доближи Савехоф на -3. Тогаш на 8 секунди до одморот Душебаев побара минута одмор. Но подготовката не донесе резултат и со 14:11 се отиде на полувреме.

Како и во првото така и на почетокот на второто полувреме, Кирил Лазаров ја погоди шведската мрежа за четврти пат домаќините да имаат 4 гола предност (15:11). Најдобриот гостински ракометар Близнак со два гола брзо доближи на 16:14 во 34 минута. Брзите голови на Маркусен и Тонесен ја одржаа дистанцата од 2-3 гола за мадриѓаните. Лазаров не реализира седмерец во 36 минута, во најпозитивниот период на швеѓаните во мечот. Така Тонесен по само 7 минути во вториот дел се доближи до 17:16. Серијата од три минути без гол ја прекина Масач од крилна позиција за +2. Но домаќините никако не наоѓаа решение за Близнак, кој со седмиот гол пак спушти на -1. Балиќ беше инспиратор на контрата по која Калман, како и Масач, со третиот гол зголеми на 19:17. Хрватот брзо подготви асистенција и за гол на Маркусен и на 20:17 во 41 минута, стручниот штаб на Савехоф побара тајм-аут. Веднаш одговори Нилсен од линијата за 20:18. Роберто од седмерец и Масач ги одржуваа најпостојаните 3-4 разлика за вицешампионот на Европа (22:19). Одличниот настап Ивано Балиќ го потврди и со голот од втор пивотмен за 23:19 на половина полувреме. Јонас Калман во 46 минута за прв пат во мечот носи +5 со удар од бековска позиција. Аднан Шабановиќ имаше свои минути на голот, а Атлетико Мадрид остави впечаток дека „пловат„ кон рутинска победа. Лазаров од контра со петтиот гол ефектно зголемува на 25:20. Масач со својот петти гол од крилна позиција зголеми на 26:20 за почеток на крајот на Савехоф. Лесно и едноставно и Канељас од контра погоди и при +7 за Атлетико Мадрид следеше нов тајм-аут. Во последните 10 минути се влезе со головите на Дејвис и на Апелгрин за 28:21. Во последните 5-6 минути Маркусен погоди два пати, а Тонесен само го направи поразот поподнослив. Канељас од чекор ја мина границата од 30 гола на влез во последната минута (31:24). Масач од крилна позиција и Роберто во последната минута ги поставија финалните 32:25. Рутинска победа на Атлетико Мадрид за осигурување на третото место во групата пред последниот меч. Наскоро шпанците ќе ги дознаат и потенцијалните противници. Лазаров со 5 гола како и секогаш стандардно добар, вечерва во улога и на тимски игра и асистент. Феномален беше Балиќ, а на висината на задачата беа и крилата Калман и Масач. И покрај одличната партија на Близнак, Савехоф не можеше да го повтори подвигот од Шведска во ноември минатата година.

Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:

Share