hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

На Атлетико доволно му е само второто полувреме

lazarov 2856

Хелветиа Анаитасума - Атлетико Мадрид 23:27 (14:10)

Победата над Пивоварна Цеље беше мотив повеќе Атлетико Мадрид да фати континуитет на позитивни резултати и во домашното првенство. Домаќините подобро го почнаа мечот и со головите на Карлос Чокаро поведоа со 2:0. Нашиот ракометар Кирил Лазаров од седмерец го постигна првиот гол за фаворитот, па од игра „распали„ за 2:2. Потоа на голот на Монтавез, реплицираше пак Лазаров, кој одлично го почна мечот со три врзани гола (3:3). Надовеза, Карвахал и Марсело со три ефектни гола, заедно со интервенциите на Капон, му носат осетливи 7:3 на Хелветиа Анаитасума. Ивано Балиќ со својот прв гол ја прекина серијата од 5 минути без гол за Атлетико за 7:4 во 14 минута. Реиг, Надовеза и Марсело додаваат „гас„ кај памплонците за 10:5. Кирил Лазаров со својот четврти гол намали на 10:6, но гостите мака мачеа да врзат позитивна серија. Кога Монтавез со својот втор гол зголеми на 11:6, во 21 минута Душебаев побара тајм-аут. Реакцијата на вицешампионот веднаш се забележа и Еду Фернандез и Балиќ намалија на -3 во 26 минута. Бораган и Монтавез на ефектен начин од крило му ги носат по втор пат највисоките +5 на Хелветиа Анаитасума во 28 минута (13:8) Дури и во еден момент домаќините имаа и 6 разлика, пред Роберто и Агинагалде да спуштат на 14:10. Со тоа Атлетико Мадрид само го ублажи лошото прво полувреме, кое домаќинот го доби со 4 гола предност.

Видно расположениот Ивано Балиќ, вториот дел го почна со својот трет гол за 14:11. Хрватот потоа со неверојатен пас го најде Агинагалде за само -2 за црвено-белите. И откако не реализираа и трет седмерец, гостите со четвртиот гол на Ивано Балиќ дојдоа до 15:13 во 36 минута. Лазаров со својот петтти гол во 39 минута намали на 17:15. Бораган со уште еден гол го совлада Шабановиќ, пред Роберто да го разбие малерот на седмерците на Атлетико за 18:16. И некаде на средината на вториот дел со головите на Балиќ и Калман, гостите дојдоа до само еден гол заостанување (19:18). И во 47 минута кружниот напаѓач Роберто за прв пат го израмни резултатот на 19:19. Гостите добија дополнителна самодоверба и Балиќ креираше зицер за Роберто за прво гостинско водство (19:20). И тоа како да ги дотолчи домаќините и Роберто со уште два последователни гола, носи осетливи +3 за екипата на Душебаев. На мадриската забава се приклучи и Кирил Лазаров со шестиот гол за 20:23 на 9 минути до крајот. До нашиот ракометар се израмни и Балиќ кој со шестиот гол донесе највисоки +4 за шпанскиот вицешампион. Но првото име на пресвртот Роберто со својот седми гол ги реши дилемите околу победникот за 20:25 во 53 минута. До крајот на средбата Канељас и Роберто само ја направија победата на Атлетико Мадрид поубедлива.

Во победничкиот состав блескаше Роберто со 8 гола, по шест постигнаа Лазаров и Балиќ. Надовеза, Бораган и Чокаро со по 4 гола најмногу покажаа кај домашната екипа на Хелветиа Анаитасума.

Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:

Share