hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Победа на „мускули„ за Атлетико Мадрид

kire 10 02 2013

Атлетико Мадрид - Пивоварна Цеље 26:24 (12:9)

Враќањето на Лигата на шампионите беше најдобра терапија за ракометарите на Атлетико Мадрид по скоро загубените шанси во ASOBAL лигата. Без серија на повредени ракометари, на кои им се приклучи и Николај Маркусен, Атлетико Мадрид имаше нов словенечки предизвик.

Мотивираната екипа на српскиот стручњак Матиќ, Пивоварна Цеље добро го отвори мечот и преку Зеленовиќ и Маргуч поведоа со 0:2. Но балканската „врска„ во Атлетико, Балиќ и Лазаров за миг возврати со 2:2 во 6 минута. Натпреварот стана цврст и груб, со добри одбрани и малку голови. Мацковчек и Маргуч пак ги оддалечија словенците на 3:5, пред Лазаров и Гарсија Парондо од седмерци да фатат приклучок (5:5). И тогаш по две исклучувања на Тоскиќ и Мацковчек, Атлетико успева да „побегне„ Два гола на Канељас и еден на Масач носат 9:6 во 24 минута. Лазаров со својот трет гол, постигнат на ефектен начин го принуди Матиќ на тајм-аут при 10:7 во 27 минута. До одморот тимот на Душебаев благодарение на Балиќ и Дејвис ја одржа предноста од 3-4 гола, а унгарецот Лекаи во последната минута намали на 12:9, резултат со кој се отиде на одмор. Норвежанецот Дал со 9 одбрани одигра солиден прв дел.

Второто полувреме го отвори Канељас, а голот од крилна позиција на Гарсија Парондо значеше 14:12 во 35 минута. Четвртиот гол на нашиот капитен Лазаров и контрата на Береше донесоа 16:13. Ракометарот со број 77 на Атлетико ефектно погоди и во 40 минута за 17:14 за домаќините. Цврстата одбрана и двата гола на швеѓанецот Јонас Калман на половина од вториот дел му носат највисоки 20:15 на шпанскиот претставник. Супер талентираното крило Маргуч единствен одржуваше чекор со фаворитот, па со два гола намали на 20:17. Роберто и Канељас во последните 10 минути домаќинот го внесоа со 22:18. Но словенците не се предаваа и Зеленовиќ и Тоскиќ одговорија на голот на Ивано Балиќ за 24:22 на 6 минути до крајот. На три минути до крајот Жвижеј не реализира седум метри да спушти на -1. Но црвено-белите затаиа во нападот, Бараше заработи исклучување и Мацковчек намали на 25:24 на 90 секунди до крајот. Словенците дури и имаа напад со човек повеќе за израмнување, но Маргуч од невозможна позиција не го совлада Шабановиќ. По тајм-аутот на Душебаев, искусната шпанска екипа со голот на Гарсија Парондо со звукот на сирената ја забележа втората победа над Пивоварна Цеље во Лигата на шампионите. Во победничката екипа Лазаров постигна 5 гола, Балиќ и Канељас продадоа уште по 4. Кај словенците Мацковчек со 9 и Маргуч со 6 гола најпозитивни. Со оваа победа остварена пред 4676 гледачи во „Висталегре„ Атлетико Мадрид го осигура третото место во групата пред нокаут-фазата.

Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:

Share