hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Швајцарците со Португалија во Сент Гален, со нас во Цирих

sala cirih

Швајцарската ракометна федерација ги одреди градовите домаќини на преостанатите домашни мечеви во квалификациите за Европското првенство во Данска 2014 година. Така на 4 април во 19:30 часот во Сент Гален ќе ја угостат Португалија. Кога веројатно нема да имаат ни теоретски шанси за пласман на континенталниот собир, на 12 јуни во Цирих во „Саал спортхале„ Швајцарија игра со Македонија. Капацитетот на оваа арена е 2.300 гледачи и најчесто селекцијата на Перковац официјални мечеви игра токму во Цирих. Сатницата дополнително ќе биде одредена, но најверојатно мечот ќе се игра во вечерниот термин. Во оваа арена се играат кошаркарски или тениски мечеви, а понекогаш и ракометот добива свое место.

Share